27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит одложен до 31 јануари

Брегзит одложен до 31 јануари

ЕУ постигна согласност да го продолжи рокот за брегзит до 31 јануари 2020 година, на Твитер објави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тoj вели дека блокот ќе дозволи т.н. „флексибилност“ – што значи дека Велика Британија би можела да замине од Унијата и пред крајниот рок, ако парламентот во Лондон успее да постигне договор.

Одлуката е донесена во моменти кога британските пратеници се подготвуваат да гласаат за предлозите на Борис Џонсон за предвремени општи избори на 12 декември.

Нацрт-текстот на договорот за 27-те амбасадори на ЕУ, исто така вклучува и обврска дека за Договорот за повлекување за излез на Велика Британија од ЕУ не може да се преговара во иднина.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ во четврток на 31 откомври, но премиерот Борис Џонсон мора да го прифати одложувањето според законот донесен минатиот месец од пратениците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП