По американскиот претседател Доналд Трамп, пратеникот од Канада, Максим Берни, Џереми Кларксон и Владимир Путин ја критикуваше Грета Тунберг, но младата активистка не му остана должна.
Исто како што го смени описот на Твитер кога му одговори на Трамп, сега истото го стори и на рускиот лидер.
Имено, за време на седницата на Енергетскиот форум во Москва, рускиот претседател во еден момент го спомена страсниот говор на 16-годишната, велејќи дека тие не „делат заедничка возбуда“ и дека е „лошо информирана“, пренесува Indy100.
https://twitter.com/RT_com/status/1179712700290605056
„Никој не ѝ објаснил на Грета дека современиот свет е сложен и различен и дека луѓето во Африка и многу азиски земји сакаат да живеат на исто ниво на богатство како во Шведска. Сигурен сум дека Грета е љубезна и многу мила девојка, но возрасните треба да сторат сè за да не ги доведат тинејџерите и децата во некои екстремни ситуации“, рече Путин.
Коментаторите на социјалните мрежи генерално не беа импресионирани од неговиот остар обид за дискредитација на 16-годишната активистка. Наместо да му одговори на Путин, Грета го промени описот на „Твитер“.
Greta has changed her description on response to Putin's assessment that she means well but is poorly informed. 😁😁😁👏👏👏❤️#climatestrike #StrikeWithUs #FridaysForFuture #schoolstrike4climate #climate pic.twitter.com/pc0t8iiIdq
— Moms Clean Air Force (@CleanAirMoms) October 3, 2019
„Многу среќна, млада девојка која се радува на светла иднина“ го смени во „љубезна, но неинформирана тинејџерка“.