26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

Шумите и зелените површини стануваат се попривлечна инвестиција за богатите американски семејства. Тој тренд зема толкав замав што Bank of America, мултинационална инвестициска банка, основала специјална канцеларија, наречена Група за управување со имот (SAM), која за своите богати клиенти управува со 94.000 различни шуми, полиња, фарми и ранчови со вкупна вредност од 13,6 милијарди долари.

Дека интересот на богатите семејства за еколошки и одржливи инвестиции расте, истакнал Џон Кели, извршен директор на SAM, додавајќи дека сите негови клиенти се охрабруваат да погледнат и да почувствуваат во тоа што вложуваат.

“Тоа има трансформациски ефект, кога може видите, да почувствувате, да допрете, а понекогаш и во случај на животинска фарма и да помирисате во тоа што инвестирате”, објаснува Кели.

Групата за управување со специјален имот има повеќе од 38 вработени “специјалисти во чизми”, со долгогодишно искуство во шумарството. Нивната задача е да им дадат на клиентите информации директно од теренот, но исто така и да осигураат дека клиентот од неговата инвестиција нешто и да заработи.

Меѓутоа, кај “зелените” инвестиции тешко е да се предвиди кога точно ”ќе се соберат плодовите” од инвестицијата. Приходите генерираат, на пример, производство на дрвен материјал, култури, добиток, масла, но инвеститорите, раскажува Кели, мора да бидат свесни дека тоа е долгорочна инвестиција. На пример, шумата веднаш може да донесе профит, но може ќе бидат потребни и години и децении, во зависност од возраста на дрвјата, условите на пазарот и движејќи се од зрели или туку што засадени дрва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП