2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПијалок полн со протеини: Совршен додаток за после тренинг

Пијалок полн со протеини: Совршен додаток за после тренинг

Овој пијалок, кој е дизајниран од д-р Мајк Расел, содржи многу протеини за градење на мускулите, како и мешавина на нутритивни хранливи материи кои ќе ви помогнат во забрзувањето на вашето закрепнување после јакиот тренинг.

За овој пијалак потребно ви е:

1 чаша вода;
1 чаша кефир, обичен со ниска содржина на масти;
2 лажици ореви;
1 шоља јагоди;
1 банана;
1 мерка протеин од сурутка со вкус на ванила.

Следејќи го горниот редослед, ставете ги сите состојки едно по едно во блендер и на крај затворете го блендерот и измиксејте 10 секунди и вашиот оброк е подготвен.

Пробиотиците во кефирот ќе ви помогнат при варењето. Оревите кои покрај вкусот ќе ви дадат антиоксиданти и омега 3, јагодите се тука да ви ја додадат неопходната количина на витамин Ц. Бананата ќе донесе доволно количество јаглени хидрати кои се исто така потребни за вашето закрепнување.

Овој пијалак содржи:

489 калории
59 грама јаглени хидрати
7 грама влакна
11 грама масти
39 грама протеини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП