20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометарки во третиот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за ЕП...

Македонските ракометарки во третиот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2020

Македонската женска ракометна репрезентација се најде во третиот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Европското првенство 2020 во Данска и Норвешка.

Жрепката е закажана за утре од 18 часот во данската престолнина Копенхаген.

Вкупно 28 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во четири шешири.

Шешир 1: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија

Шешир 2: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска

Шешир 3: Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина, Италија, Македонија

Шешир 4: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови, Косово и победникот од квалификациска фаза 1 (Израел, Финска, Грција и Луксембург)

Шампионатот ќе се одржи во Данска и Норвешка во период од 4 до 20 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП