3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека двајца се караат, третиот добива: Европа се дели и е разединета,...

Додека двајца се караат, третиот добива: Европа се дели и е разединета, а најголемиот ривал користи

Европските лидери се собраа минатата недела на самитот за да разговараат за Кина, што е можеби најголемиот надворешeн економски и дипломатски предизвик со кои се соочува Европската унија, но наместо тоа, повторно разговарале за Брегзит.

Откако го изгласаа Брегзит, британските законодавци ги поминаа последните 33 месеци обидувајќи се да најдат начин за излегувањето на островската земја од ЕУ, што го закомплицира функционирањето на блоковите, чии лидери очајно се обидуваат да дојдат до заедничка политика за низа прашања, но постојано смета една членка која барем теоретски не сака да биде тука.

Следниот месец, кинескиот премиер Ли Кечијанг ќе го посети Брисел на самитот на европските лидери, по што ќе отпатува за Хрватска на разговори со претставници на 16 централни и источно европските земји, а некои стравуваат дека таквото групирање може да се искористи за ширење на поделбите во рамките на ЕУ , пишува CNN.

“Кина исто така е кооперативен партнер со кој ЕУ има тесно усогласени цели, преговарачки партнер со кој ЕУ мора да најде рамнотежа за интересите, економски конкурент во борбата за лидерство во технологијата и системски ривал кој промовира алтернативни модели за управување” – соопштила Европската комисија во пресрет на минатиот неделен самит.

Кина е најголемиот трговски партнер на ЕУ, додека Европа на Кина, по САД, втор по големина партнер, со кого секој ден во просек се остварува трговија во вредност од над една милијарда долари. Создавање на заедничка политика за тоа како да се соработува со Пекинг е клучно прашање за Брисел, и ЕУ тешко дека можат да си дозволат да го расипат ова. Но, постои значително несогласување во рамките на блокот за тоа како да се пронајде оваа рамнотежа, а некои земји членки, особено Германија се особено внимателни со Кина поради економските и безбедносните предизвици, додека другите се нестрпливи да ги прифатат кинеските инвестиции.

Кина како оружје во интерните расправии

Пред повеќе од една недела, италијанските лидери го пречекаа кинескиот претседател Кси Џинпинг, по што “европската чизма” стана првата членка на Г-7, кој ја потпиша Кинеската иницијатива.

– Италијанското учество не е само економска победа за Пекинг туку потенцијален “клин”, кој може да се користи против ЕУ за клучните прашања во иднина. Кина е многу заинтересирана да соработува со секоја земја-членка на ЕУ поединечно, наместо со блокот. Во билатералните односи, Кина е силна поради својата огромна економска моќ, во споредба со една европска земја, изјави истражувач на Институтот за кинески студии “Меркатор” (MERICS) Лукреција Погети.

Таа укажа на однесувањето на Грција и Унгарија – двата клучни сојузници на Кина на стариот континентот од кои едната ја намали јачината на критиките кон Пекинг поради неговите акции во спорните води на Јужното Кинеско Море, додека Атина во 2017 блокирала соопштение во кое ЕУ ги критикува човековите права во Кина.

– Во двата случаи Грција се плашела да не се вознемири кинеската влада и потенцијално да остане без пристап до економските можности кои Пекинг ги ветува, но наместо тоа, ги “скрши” односите со ЕУ. И Унгарија е политички поотворена према Кина, укажа Погети.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на состанокот во Брисел овој месец изјави дека Пекинг цврсто го поддржува процесот на европската интеграција, обединета ЕУ и Европа со многу поважна улога во меѓународните односи. Најновите случувања покажаа дека членките на ЕУ стојат зад Кина, користејќи ги во нивните внатрешни расправии. Поранешниот португалски министер за Европа, Бруно Макес, предупреди дека европските земји ја користат Кина како оружје во нивните односи.

– Проблемот е што ЕУ нема ефикасен механизам за сериозни конфликти меѓу нејзините земји членки, со што ги наведува европските држави да се повикуваат на надворешни фактори и на тој начин се создаваат предизвици за статус кво.

Брегзит можеби е најголемиот клин во односите со ЕУ. И европските и британските политичари предупредија дека Британија надвор од ЕУ може да стане нејзин ривал, наместо сојузник, а инвестициите и трговијата на Кина ќе бидат клучно поле во конкуренцијата. Успешниот излез на Велика Британија, поткрепена со нови трговски договори со Кина, може да ги поттикне другите членки на ЕУ сами да се справат.

Џонатан Саливан, експерт на кинескиот универзитет во Нотингем, изјави дека моќта на ЕУ е поставена на единствено делување.

– Ако нокоја држава сака да влезе во некој дел од Европа, обидувајќи се да промовира разединетост или да изолира некој член и да соработува со неа поединечно, тоа е моќна стратегија. Пекинг имаше потешкотии да соработува со ЕУ во голем број области поради голем број причини, и тоа е силен поттик да го ослабне капацитетот на Унијата да дејствува обединето, истакнува Саливан.

Кина, пак, не е единствена голема сила што сака да ја искористи разединетата Европа – Претседателот на САД, Доналд Трамп веќе замавна со економски и дипломатски моркови пред носот на европските земји кои сака да раскрсти со Брисел за позиции каде што не се согласува со Вашингтон, како што е иранскиот нуклеарен договор.

“Русија е долгогодишен, но многу неспретен оператор. Кина знае како да се вклучи во овие дебати”, истакнува Макес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП