19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто патот до Германија е толку напорен?

Зошто патот до Германија е толку напорен?

За работниците од Западен Балкан, патот до работа во Германија често е крајно напорен.

Поради преоптеретеноста во амбасадите и конзулатите, се чека во просек по една година се за да се поднесе апликација за работна виза.

Според одговорот на Владата на Германија, по барање на левичарските партии во Бундестагот, луѓето на Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина мора да чекаат во просек повеќе од една година за да се пријават за работна виза во рамките на “правилата за земјите од Западен Балкан “.

Според германската агенција ДПА, причината за толку долго чекање е преоптеретеноста на германските амбасади. Министерството за надворешни работи испратило дополнителен персонал, но навалицата е толку големо што тоа не беше доволно.

Портпаролката на партијата Левица Ула Јепке, во Бундестагот рече дека поради “невиденото” долго траење на процесот за издавање визи, ниту работниците, ниту претприемачите може сериозно да планираат.

Целта беше да се спречи поднесување барања за азил

За време на бегалската криза кон крајот на 2015 година, германската влада создаде посебен привремен план кој е со важност до крајот на 2020 година, кој отвора можност за добивање на работни визи за ниско-квалификувани работници од овие земји. Предуслов за добивање работна виза е доказ за обезбедена соодветна платена работа во некоја германска компанија. Целта на овој привремен план, исто така, е да ги спречи луѓето од Западен Балкан да поднесуваат неосновани барања за азил.

Федералната агенција за вработување (BA) во 2018 година издала неопходно одобрение за аплицирање за виза во околу 46.000 предмети – од кои доделени се само околу 21.000 визи.

Не се планира продолжување

Засега нема планови за продолжување на овој “посебен план” за визи за луѓето од Западен Балкан.

Според федералната влада, во 2018 година Сојузната агенција за вработување по проверките утврдила дека во 17 проценти од случаите – вработување воопшто немало. И во 1.250 од 17.000 испитани случаеви е утврдено – дека платите биле пониски или работното време и конкретните работни места биле различни во споредба со она што првично било опишано во барањето за работна виза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП