20 април, 2025
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(17.06 – 20.06.2013)

 

 

Неделата зад нас во која имаше само четири трговски денови на Македонската берза, ја одбележа пад на просечниот дневен во редовното тргување и благ пораст на вредноста на двата индекси на акции. Прометот во четирите трговски дена достигна 33,5 милиони денари (8,4 милиони просечен дневен промет) што претставуваше намалување за 46,5% во однос на просечниот промет од претходната недела. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пораст од +0,37%, додека пак индексот МБИД имаше неделен пораст од +2,73%, пред се благодарејќи на порастот на цената на акцијата на Раде Кончар Скопје која оствари неделен раст од 34,2% во периодот понеделник – среда.

Според реализираниот промет, најтргувана беше обврзницата за денационализација од 12-тата емисија со реализирани 9,7 милиони денари промет, по што следеа акциите на Макпетрол Скопје со 6,9 милиони денари, Комерцијална банка Скопје со промет од 5,5 милиони денари, Алкалоид Скопје со неделен промет од 4,7 милиони денари, Македонски телеком Скопје со 2,3 милиони денари и Раде Кончар Скопје со 1,1 милион денари. Интересот за акцијата на Макпетрол Скопје е сеуште присутен кај инвеститорите на берзата. Изминатата недела се истргуваа вкупно 458 акции во ценовен распон од 14.600 до 16.020 денари, со неделен пораст од +6,8%. И минатата недела акцијата на Раде Кончар Скопје го привлече вниманието на берзата, пред се поради ценовниот пораст што го имаше до средата. За 20.06.2013 година беше закажано Годишно собрание на друштвото и четвртокот беше првиот ден во кој акцијата немаше последователен пораст од +10%.

На регионалните берзи индексите главно завршија во негатива. SBI10 неделата ја заврши со пад од -1,63%, Crobex забележа неделен пад од -0,57%, Belex имаше минимален пораст од +0,32%, додека софискиот Sofix регистрираше пад од -0,74%.

На берзите во САД, се погласните најави за намалувањето на програмата за купување на активи и влевање на дополнителна ликвидност во економијата, придонесоа истите неделата да ја завршат со поголема надолна корекција. DOW JONES неделата ја заврши со намалување од -2,51%, NASDAQ неделата ја заврши со пад од -2,75%, а S&P 500 имаше неделен пад од -2,84%. Европските берзи и индекси рака под рака ги следеа американските во падот, а дополнително загубија од вредноста поради кризата што се појави во грчката влада со напуштањето на истата на еден од коалиционите партнери. DAX забележа неделен пад од -5,19%, FTSE 100 ја затвори неделата со пад од -3,39%, додека францускиот CAC 40 имаше намалување од -5,32%. Од светските индекси, единствено Јапонскиот NIKKEI 225 ја заврши неделата со пораст од +1,49%, додека хонгконгшкиот HANG-SENG имаше силен неделен пад од -4,43%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП