4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРотшилд го продава последното парче од својата австриска империја

Ротшилд го продава последното парче од својата австриска империја

Семејството Ротшилд, која во минатото беше главниот финансиер на империјата на Хабсбурговците, го продава последното парче земја во Австрија, со што стави крај на еден период од 200 година, во кој поминуваа низ подеми, падови и војни.

Семејната гранка на семејството, претставена од наследничката Бетина Бур, постигнал договор за продажба на два дела, во кои поседуваат околу 7.000 хектари шума во провинцијата Долна Австрија.

Купувачот е компанијата за пакување „Prinzhorn Holding GmbH“, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на извори кои посакале анонимност.

Шумата, која е околу 20 пати поголема од Централ Парк во Њујорк е дел од имот кој Барон Алберт фон Ротшилд го купува во 1875-та година. Нацистите ја заземат земјата откако Германија ја окупира Австрија во 1938-ма година, а дел од неа беше вратена на семејството по Втората светска војна.

Наследничката на Ротшилд, Бетина Лоорам се враќа да живее таму до нејзината смрт во 2012-та година. Двата клона на презимето потоа го делат имотот, а и двата дела сега ќе бидат купени од „Prinzhorn“ која ја купува соседната шума пред една година.

„Тоа става крај на едни контрадикторни 200-годишни односи“, вели историчарот Роман Зандгрубер, автор на книга за фамилијата.

„Хабсбурговците го почитувале презимето и ги издигнале до благородништвото, бидејќи имале корист од нивното финансиско знаење. Хабсбурговците католици сепак секогаш ја почитувале одредената дистанца од еврејското презиме Ротшилд“.

Саломон Ротшилд започнува свој бизнис во Виена во 1815-та година. Семејството брзо станува најголем финансиер на Хабсбуршката империја, инвестира во железници, металуршки фабрики и во рамките на децении се претвора во најголемиот земјопоседник во земјата.

Внукот на Саломон – Алберт, се смета за најбогатиот човек во Европа во 1910-та година.

Богатството на семејството доживеа удар за време на глобалната економска криза во 1930-тите, кога нејзината банка „Creditanstalt“ банкротираше и беше купена од државата. Уште поголем удар за семејството беше наметнат кога нацистите ја окупираа Австрија и извршија експропријација на неговите средства.

Легендарното седиште на „Creditanstalt“ беше продадено од „UniCredit Bank Austria AG“ во 2014-та година и сега се трансформира во луксузен супермаркет. Бур, која е ќерка на Лоорам, подарува на Бостонскиот музеј за ликовни уметности во 2015-та година дела што ги презеле нацистите, а потоа се вратија во семејството.

Австрија и семејството се помирија во текот на последните неколку децении, рече Зандгрубер. „Односите меѓу семејството и Австрија не беа најдобри, но сега постои некаква меѓусебна почит по враќањето на последното уметничко дело пред околу 20 години“, вели тој.

Плановите на Принцхорн

Купувачот на вториот имот на Ротшилд – Кант Принцхорн ќе ги обедини двете семејни шуми. Тој го купи помалиот дел од 5.400 хектари минатата година за 92 милиони евра.

Цената на втората шума е малку повисока од претходната, според извори од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП