12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашните миленици влијаат врз здравјето на децата

Домашните миленици влијаат врз здравјето на децата

Домашните миленици позитивно влијаат врз задоволството и развојот на вашето дете. Децата кои растат со миленичиња имаат посилен имунолошки систем и помала веројатност да се разболат, исто така се посмирени и можат да поднесат повисоко ниво на стрес.

Во миленичињата тие наоѓаат сигурност и засолниште, гушкањето со нив ги ослободува од стрес и го зголемува производството на хормонот на среќа.

Покрај тоа, тие на овој начин учат како да бидат поодговорни и како да се грижат за друго живо суштество. Оваа форма на грижа развива социјални компетенции, чувство на обврска, самостојност и психолошка стабилност.

Сепак, важно е да се нагласи дека пред да се избере милениче неопходно е да се исклучи можноста за алергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП