6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банки продолжуваат да ги зголемуваат своите резерви на злато

Централните банки продолжуваат да ги зголемуваат своите резерви на злато

Централните банки во светот ги зголемија трошоците за купување на злато до највисоките нивоа од пред 3 години, покажуваат податоците на „World Gold Council“ (WGC), цитирани од „CNBC“.

Над 148 метрички тони злато биле купени од централните банки во светот во третиот квартал од оваа година, што е раст од 22% во однос на истиот период од претходната 2017-та година.

Врз база на оваа цена на благородниот метал (1.223 долари за унца), трошоците на централните банки за злато достигнаа до 5.82 милијарди долари.

Руската централна банка го води овој тренд со купување на 92 тони злато. Ова е најголемата нето-нарачка на злато од Русија на квартална основа од 1993-та година.

Во месец мај оваа година првиот заменик-гувернер на руската централна банка Дмитриј Тулин, посочи пред пратениците во Долниот дом на парламентот дека златото е „100% гаранција при законски и политички ризици“.

Невладината организација „WGC“ ги која обединува водечките светски компании за ископување злато, наведува дека другите големи купувачи на благородниот метал во третиот квартал од оваа година се централните банки на Турција (18,5 тони), Казахстан (13,4 тони) и Индија (13,7 тони).

Во Европа, централните банки на Полска и Унгарија, исто така, значително ги зголемија своите резерви на злато.

Златото генерално се смета за засолниште за сите видови опаѓања и нестабилност на пазарите.

И покрај големите нарачки на централните банки, златото поевтини за 4% во разгледуваниот период, достигнувајќи под ниво од 1.200 долари за унца, а тоа е најниско ниво од јануари 2017-та година. Во октомври, сепак, златото се врати на нагорна позиција, додавајќи 2% на неговата вредност.

Вкупниот нето ефект од побарувачката на злато во светот во третиот квартал достигна 964.3 тони, 6,2 тони повеќе во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП