16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука Модриќ најдобар фудбалер за 2018 година

Лука Модриќ најдобар фудбалер за 2018 година

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модрич беше избран за играч бр.1 на ФИФА за 2018 година.

Плејмејкерот на Реал Мадрид го победи поранешниот свој соиграч во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул – Мохамед Салах.

– Голема чест е да бидам тука пред вас со оваа голема награда. Сакам да им честитам на Мохамед Салах и Кристијано Роналдо. Сигурен сум дека Мо ќе има нова можност да се избори за оваа награда. Оваа награда не е само за мене, туку за сите со кои работев во последниве години. Благодарам на моето семејство, без кое не би бил тој играч и личноста во која се претворив. Им благодарам на фановите од целиот свет за одличната поддршка што ми ја даваат. Благодарност и на сите што гласаа за мене, изјави Лука Модриќ по добивањето на наградата.

Наградите на ФИФА повторно носат изненадувања. Во изборот на ФИФПро најдобрите 11 во минатата сезона, нема место за најдобриот голман минатата сезона (во избор на ФИФА) Тибо Куртоа, ниту за стрелецот на најдобриот гол и еден од финалистите за најдобар фудбалер, Мо Салах.

Европските шампиони Реал Мадрид доминираат со четири активни фудбалери (Варан, Рамос, Марсело и Модриќ) и еден кој го напушти тимот (Кристијано Роналдо).

Челси ги има Н’Голо Канте и Еден Азар, тука се очекуваните избори на Килијан Мбапеи Лео Меси, додека Манчестер јунајтед го има најдобриот голман во Давид де Хеа.

ГОЛМАН

Давид де Хеа (Манчестер јунајтед)

ОДБРАНА

Дани Алвеш (Пари Сен-Жермен)

Рафаел Варан (Реал Мадрид)

Серхио Рамос (Реал Мадрид)

Марсело (Реал Мадрид)

СРЕДЕН РЕД

Лука Модриќ (Реал Мадрид)

Н’Голо Канте (Челси)

Еден Азар (Челси)

НАПАД

Лионел Меси (Барселона)

Килијан Мбапе (Пари Сен-Жермен)

Кристијано Роналдо (Јувентус).

Дидие Дешам стана херој на Франција ова лето, откако успеа на „триколорите“ да им ја донесе втората светска титула во историјата во Русија, доминирајќи со својот тим, што беше доволно тој да биде избран за најдобар тренер според ФИФА.

Дешам го победи својот сонародник, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и хрватскиот селектор Златко Далиќ.

„Би сакал да им се заблагодарам на Зинедин Зидан и Златко Далиќ, бидејќи и тие се победници. Ние сме ништо без нашите фудбалери. Би сакал да му се заблагодарам на цел тим. Тие работеа напорно за да ме постават на ова место вечерва“, изјави Дешам.

Мохамед Салах, помалку неочекувано, ја доби наградата за најдобар гол според ФИФА, „Пушкаш“ наградата за најубав гол минатата сезона, победувајќи ги Кристијано Роналдо (за голот со „ножички“ против Јувентус) и Герет Бејл (за голот во финалето на ЛШ).

Голот на Салах против градскиот ривал Евертон на 10 декември 2017 година, според ФИФА е најубавиот во изминатата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП