20 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„U2“ го прекина концертот во Берлин, на Боно му откажа гласот(Видео)

„U2“ го прекина концертот во Берлин, на Боно му откажа гласот(Видео)

Групата „U2“ мораше да го прекине концертот во Берлин, кој се одржа пред илјадници посетители, откако пејачот Боно го изгуби гласот по само неколку отпеани мелодии.

,,Многу ни е жал поради откажувањето на концертот. Боно беше во добра кондиција и неговиот глас беше во одлична состојба пред настапот, но по неколку нумери тој сосема го изгуби гласот”, соопшти групата.

Притоа се додава дека причините не се познати, но дека пејачот ќе консултира лекар.

Уште на почетокот на концертот било јасно дека 58-годишниот Боно има проблеми со гласот и тој постојано имал покрај себе термос со чај. Тој морал да побара помош од посетителите за да ја отпее песната „Убав ден“ по што се повлече зад бината и повеќе не се вратил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП