17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот трговски суфицит со САД достигна рекордно ниво во јуни

Кинескиот трговски суфицит со САД достигна рекордно ниво во јуни

Месечниот трговски суфицит на Кина со САД порасна до рекордно ниво во јуни, а извозот кон земјата исто така забележа раст, нагласувајќи ја причината за ескалација на трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот, пишува „Bloomberg“.

Трговскиот суфицит со САД изнесува 28,97 милијарди долари во јуни – највисоката месечна сума барем од 1999-та година. Извозот се зголеми на 42,62 милијарди американски долари, што е исто така и максимум, објавија царинските власти.

Како најголем извозник во светот Кина продолжува да заработува од стабилната глобална побарувачка, но засилувањето на тензиите и трговските бариери со САД, натежнуваат врз перспективите. Кина и САД воведоа заеднички 25-процентни царина за стоки за 34 милијарди долари на 6-ти јули, а Пекинг вети дека ќе возвратат со предложените давачки врз кинески стоки за уште 200 милијарди долари.

„Рекордниот билатерален вишок покажува имено дека американската економија е стабилна, а таа на Кина слабее“, коментира Ван Џиен, економист во Шангај во „Shenwan Hongyuan Group“. „Локалните инвестиции во Кина слабеат поради финансиските тешкотии, иако потрошувачката исто така не е многу силна“, вели тој.

Падот на вредноста на јуанот во јуни е најлошиот од 1994-та година, поевтинувањето со над 3% во однос на доларот. Иако тоа може да им помогне на извозниците на долг рок, поевтинувањето на јуанот е знак за растечките стравувања дека трговската војна се случува во момент на забавување на економијата.

Претседателот Си Џинпинг конечно можеби ќе треба да одлучи дали да ја омекне повеќегодишната кампања за контрола на должничките нивоа, или да му овозможи на растот да опадне под целта од 6,5%.

Извозот на земјата во целина е зголемен за 11,3% во јуни во доларска вредност, а увозот со 14,1%, што е под прогнозата за 21,3%. Така трговскиот суфицит изнесуваше 41,61 милијарди долари. Трговскиот суфицит со Европската унија исто така е на највисоко ниво од 2011-та година, додека дефицитот со Јапонија се намалува.

Трговските податоци беа објавени непосредно пред извештајот за бруто домашниот производ за вториот квартал, кој ќе даде комплетна слика на тоа како втората по големина економија се справила во првото полугодие од годината. Податоците треба да бидат објавени во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП