24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку причини поради кои често треба да конзумирате киноа

Неколку причини поради кои често треба да конзумирате киноа

Една од ретките растителни намирници која ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини.

Киноата е една од најпопуларните здрави намирници во светот. Вкусна е, секој може да ја додаде во исхраната и исклучително е хранлива.

1. Безглутенска намирница

Причина зошто токму сите можат да ја вклучат оваа намирница во исхраната е тоа што киноата не содржи глутен. Токму поради тоа е одличен избор за лицата со алергија на глутен и целијакија, или пак за лицата кои едноставно сакаат да го намалат внесот на храна која изобилува со глутен.

2. Богата е со протеини и есенцијални аминокиселини

Киноата е една од ретките билни намирнии која ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Тие ги градат протеините, а намирницата која ги содржи сите девет аминокиселини во доволни количини се смета за целосен протеин. Затоа киноата е и повеќе од одличен извор на протеини.

3. Висок удел на антиоксиданти и минерали

Слободните радикали кои му штетат на нашиот оргнизам можат да бидат виновници за прераното стареење на кожата и предизвикувачи на воспалителни процеси на кожата, а антиоксидантите се токму тие кои ги неутрализираат. Исто така, киноата е богата и со минерали како што се магнезиумот, калиумот, цинкот и железото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП