2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Берзата почнува тргувањето на 30 новокотирани АД

На Берзата почнува тргувањето на 30 новокотирани АД

kotacii-berza

Во Македонската берза денеска ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.

На презентацијата на проектот за задолжителна котација ќе присуствуваат  заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска.

Со новокотираните акционерски друштва, вкупниот број друштва што котираат на Македонската берза АД Скопје од 32 се зголемува на 62 компании. Со тоа значајно ќе се подобри транспаретноста во нивното работење поради што може да се очекува да се прошири изборот на потенцијалните инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за вложување во финансиските инструменти коишто се тргуваат на берзата, се наведува во соопштението од Македонската берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП