18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија и должи 500 милијарди евра на ЕЦБ

Италија и должи 500 милијарди евра на ЕЦБ

Италијанскиот дефицит во централниот систем за плаќање на еврозоната, познат како „Target2“, ќе достигне 500 милијарди евра ова лето.

Според експертите, голем дел од нерамнотежата е акумулирана како резултат на квантитативното олеснување од страна на Европската централна банка.

Системот „Target2“ е механизам за порамнување во реално време, а неговото име е кратенка од Трансевропскиот автоматски систем за експресно порамнување во реално време. Им овозможува на банките во земјите од еврозоната да направат финансиски трансфери меѓу себе преку соодветните централни банки. На пример, ако банка во Италија сака да направи директен трансфер на трезор во Германија, таа ќе ги пренесе парите на Италијанската централна банка, која ќе ги трансферира на Германската централна банка, а оттаму тие ќе бидат предадени на германската трговска банка. Нерамнотежата во овој систем се добива кога парите се движат главно во една насока.

Италијанскиот дефицит за „Target2“ моментално изнесува 480 милијарди евра и продолжува да расте со значително темпо. Од друга страна, Германија има направено вишок на својот биланс на плаќања од речиси 1.000 милијарди евра. Ова значи дека плаќањата во странство за италијанските банки се многу поголеми од нивните приноси, додека за германската ситуација е точно спротивното.

Европската централна банка ги разгледува дисбалансите како природен резултат на квантитативното олеснување и програмата за купување на државни обврзници во висина од 2.400 милијарди евра. Ги стимулира националните централни банки да купуваат државни и корпоративни хартии од вредност директно од пазарот.

Според аналитичарите, дефицитот во Италија значително се зголеми во последниве месеци, најмногу поради продажбата на италијански хартии од вредност. Голем дел од ефектот се множи со политички турбуленции и загриженоста на инвеститорите за иднината на земјата, откако владата падна во рацете на популистите.

„Додека еврозоната продолжува да биде една целина, билансот по „Target2“ остануваат само сметки. Но, во случај на распаѓање на монетарната унија, тие ќе доведат до реални финансиски последици и се доказ дека европските даночни обврзници се изложени на директни ризици поврзани со иднината од еврозоната“, рече економистот на „Jefferies“, Марсел Александрович.

Проширувањето на дисбалансите во системот за плаќање меѓу централните банки предизвика вознемиреност и сериозни критики од страна на Германија уште за време на грчката должничка криза од 2010-та година, кога ризикот од распад на еврозоната ги засили стравувањата дека Германската централна банка може да понесе колосални загуби во улогата главен заемодавач.

Според многу економисти, повторен раст на минатогодишните нерамнотежи е во скриеното финансирање за „банкротираните“ европски земји. Главниот проблем со дефицитите и вишоците на „Target2“ е дека нема ограничување за нив, што значи дека тие можат да се кренат неограничено.

„ЕЦБ“ и европските банки тврдат дека нема проблеми, а нерамнотежите во платниот систем е „вештачки“ исход од квантитативно олеснување. Критичарите, сепак, цврсто се убедени дека постојат реални проблеми зад сметководствените стандарди кои би можеле да доведат до нова длабока финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП