26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста низ светот е рекордно ниска, но платите не се зголемуваат

Невработеноста низ светот е рекордно ниска, но платите не се зголемуваат

Бројот на невработени во светот достигна рекордно ниско ниво, при што компаниите почнуваат да имаат силна потреба од работна рака. Меѓутоа, чудно или не, недостигот на работници не води до повисоки плати.

Извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупредува дека позитивниот тренд во однос на невработеноста крие ризик за „невидена“ стагнација кај платите, пренесува „CNN“.

Од ОЕЦД покажуваат дека нивото на вработеност во развиените економии достигнуваат просек од 62% до крајот на 2017-та година, што е највисок удел од глобланата финансиска криза досега. На многу пазари има рекорден број на слободни работни места.

Но, во смисла на раст на платите, стапките се чини дека се половина толку ниски отколку пред една деценија. Зголемувањето на растот на платите ги погоди најмногу најнископлатените работни места.

„Овој тренд за слаб раст на платите, во услови на пораст на вработеноста, ги нагласува структурните промени во економиите по што глобалната криза се продлабочи“, вели Анхел Гурија, генерален секретар на ОЕЦД.

Организацијата, со седиште во Париз, идентификува неколку фактори кои придонесуваат за послаб раст на платите.

Прво, иновациите на технологија за подобрување на продуктивноста која им помага на повисоките плати се резервирани за мал број „супер компании“. Останатите бизниси и нивните работници останаа некаде далеку во минатото во овој поглед.

Многу бизниси не се подготвени да инвестираат во нови технологии и иновации поради растечките геополитички шокови. Некои бизниси се загрижени за растечката трговска војна, додека други се под влијание на настани, како што е „Брегзит“.

Оваа ниска продуктивност доведува до помала вредност создадена од работниците, што ги спречува компаниите да ги зголемат платите.

Втората голема причина е дека додека глобалната економија се опоравува, многу работници не смеат да прашуваат за покачување или да ги менуваат работните места, бидејќи се уште споменот за масовната невработеност во резултат на финансиската криза е „топол“.

Според извештајот на ОЕЦД, новите работни места создадени по кризата, не се задолжителни да се исти од пред појавата на финансиската стагнација пред една деценија.

Многу луѓе кои биле невработени во 2008-ма година сметаат дека нивните квалификации повеќе не ги задоволува новите можности. Според организацијата, еден од четворица работници немаат основни познавања за дигиталните технологии, што ги спречува да најдат добри работни позиции.

Жените се силно погодени од слабиот раст на платите.

ОЕЦД вели дека жените често се жртви на двојни стандарди, а поретко од мажите сакаат да ги променат своите работни места. Покрај тоа, дамите, исто така, работат со скратено работно време. Платите со полно работно време се оние со најслаб раст над сите други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП