13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските инвеститори повлекле од пазарите во развој 12,3 милијарди долари

Странските инвеститори повлекле од пазарите во развој 12,3 милијарди долари

Во мај акциите и обврзниците на новите и пазарите во развој беа подложени на агресивни распродажби, а странските инвеститори повлекоа 12,3 милијарди долари, покажуваат податоците на Институтот за меѓународни финансии (Institute of International Finance – IIF), цитирани од „Ројтерс“.

Според Фондот појдовните финансиски текови беа дистрибуирани рамномерно меѓу долговите и берзите, додека од регионална перспектива најсериозен одлив од 8 милијарди долари имало од азиските пазари на капитал, следени од оние во Африка и Блискиот Исток, од каде странските инвеститори повлекле околу 4,7 милијарди долари.

„Нема конкретен главен двигател на појдовните финансиски текови од новите пазари“, посочуваат аналитичарите на Фондот при претставувањето на својот извештај.

„Изгледа постои комбинација од фактори: специфични внатрешни тензии, како финансискиот притисок во Аргентина и Турција, или штрајкот на возачите на камиони во Бразил, обновените закани за наметнување на царински тарифи од страна на САД и реакциите на американските трговски партнери, како и политичката несигурност во Италија и Шпанија“, се истакнува во извештајот.

Исто така има и докази дека во позадина на повисоките трошоци за заемите на глобално ниво и на силниот американски долар, намалувањето на бизнис ставовите влијаеше во поширок круг од т.н. „развојни“ економии.

И покрај забележаниот одлив во мај, портфолиото на годишните текови се уште се позитивни и во износ од околу 46 милијарди долари, но тоа претставува драстичен пад од 134 милијарди долари, инвестирани на новите пазари во истиот период од 2017-та година.

Индексот на „Institute of International Finance“, го определува бројот на новите економии во кои странските инвеститори продавале повеќе средства во споредба со набавките, а е исто така помал отколку непосредно по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, па дури и во споредба со кризата на глобалните пазари во 2013-та година, кога инвеститорите беа првично исплашени од сигналите на ФЕД дека планира да ги намали програмите за парично стимулирање, познато како „квантитативно олеснување“.

Нивото на овој индекс сепак останува малку повисок, отколку неговото ниво по пикот на светската финансиска криза и по изненадната девалвација на кинескиот јуан во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП