Нестабилниот долар и одливот на капитал од земјите во развој може да доведат до уште една голема финансиска криза, вели инвеститорот Џорџ Сорос, предупредувајќи дека Европската унија се соочува со неизбежна егзистенцијална закана, објави „Bloomberg“.
„Прекинот на нуклеарниот договор со Иран и „рушењето“ на Трансатлантскиот сојуз меѓу ЕУ и САД ќе имаат негативно влијание врз европската економија и ќе предизвика други проблеми, вклучувајќи девалвација на валутите на некои од земјите во развој“, коментира Сорос.
Милијардерот зборуваше во време кога италијанските обврзници достигнаа максимум, а големите економии во развој, вклучувајќи ја и Турција и Аргентина, се борат со ефектите од инфлацијата. Сепак, најлошото предвидување на Сорос е за ЕУ.
„Се што би можело да тргне наопаку, се е во ред“, рече тој, посочувајќи ја кризата со бегалците, политиките на строги ограничувања кои им овозможуваат на популистите да излезат напред на политичката сцена, а кон тоа тој додава и територијална дезинтеграција, давајќи го „Brexit“ како пример.
„Повеќе не е неопходно да се каже дека Европа е во егзистенцијална опасност, бидејќи тоа е суровата реалност“, рече Сорос.
Еден од предлозите на милијардерот за справување со сегашната ситуација е примената на „планот Маршал“ за Африка, финансиран од ЕУ во вредност од околу 30 милијарди евра годишно. Според него, ова ќе го олесни миграциониот притисок на континентот. Тој, исто така, предложи радикална трансформација на ЕУ, вклучително и откажување од клаузулата за прифаќање на еврото од земјите-членки.