28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИКоличината на внесени протеини е клучна доколку сакате да ослабите (фото+видео)

Количината на внесени протеини е клучна доколку сакате да ослабите (фото+видео)

Стучните лица веќе долго време ги „форсираат“ протеините кога станува збор за диетите. Ако планирате да ослабите тие се клучни во остварување на вашата намера, бидејќи протеините го контролираат вашиот глад и ве заситуваат на подолг период.

Сигурно сега се прашувате колку е потребно да внесувате протеини за да го постигнете посакуваниот резултат.

Диететичарот Леси Ламгевин за „PopSugar изјавија дека од 20 до 30 грама протеини е доволно.

„Ова е препорака за сите, без разлика дали станува збор за лица од 19 до 70 години. Во просек доволно е да внесувате 46 грама протеини дневно. Секако, не секој поединец ги извршува истите активности но, ова е што се вика „златна средина“ за сите рече, Ламгевин.

Таа наведе дека тоа е количината која секој организам треба да ја прими, а еден совршен оброк содржи и овошје со влакна, кои помагаат при варење на храната во желудникот.

А, на сите оние кои се заљубени во кафето им предлагаме напиток со кафе и премногу протеини, погледнете за што станува збор:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП