17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална конференција во Скопје за родово одговорно буџетирање

Регионална конференција во Скопје за родово одговорно буџетирање

Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Драган Тевдовски, министер за финансии, Н.E. Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија, Н.E. Никола Бертолини, раководител за соработка, Делегација на ЕУ, Микеле Рибота, заменик регионален директор в.д., за Европа и Централна Азија во UN Women, ќе се обратат на конференција за воведување на родовата димензија во политиките и родовото одговорно буџерирање.

Канцеларијата на UN Women во партнерство со Владата организира Регионална конференција за родово одговорно буџетирање: Буџетирај еднакво буџетирај за жените и мажите, што ќе се одржи на 22-23 мај 2018 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

На конференцијата ќе се соберат високи функционери и експерти од земјата и од Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Украина, Република Молдавија и Турција. Владините и невладините претставници ќе имаат можност да дискутираат за родово одговорно креирање на политики и да споделат добри практики во вклучувањето на родовите прашања во секторските политики на централно и локално ниво. Конференцијата има за цел да служи како платформа за дебатирање за клучните трендови и случувања на полето на родово одговорното буџетирање, истакнувајќи го напредокот постигнат во земјите и на регионално/глобално ниво. Се очекува оваа конференција да отвори нови можности за зајакната соработка и вмрежување меѓу владите и да го отвори патот за идните регионални интервенции за родово одговорно буџетирање.

Сите упатувања на Косово во овој опис за медиумите се во целосна согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 (1999).

Земјите од Западниот Балкан и Република Молдавија вложија напори за унапредување на родовата рамноправност и правата на жените, иако со различни чекори и постигнувајќи различни нивоа на развој. Беше постигнат значителен напредок во воспоставувањето законодавни и институционални рамки за креирање и спроведување политики за родова еднаквост,  воспоставување механизми за родова еднаквост, воведување родово одговорно буџетирање. Сепак, постигнувањето на de facto родова еднаквост останува постојан предизвик поради слабата имплементација на законите и политиките, ограничениот напредок во искоренувањето на дискриминацијата и родовите стереотипи и недостатокот на финансии за иницијативи за родова еднаквост.

За да се одговори на јазот меѓу политичките заложби на меѓународно и национално ниво преку акција, UN Women поддржаа иницијативи за родово буџетирање од 1997 година во повеќе од 70 земји низ светот и го предводеa воведувањето на родово одговорно буџетирање (РОБ) во Југоисточна Европа. Техничката стручност здобиена за време на имплементацијата на РОБ на глобално ниво ги разликува UN Women како единствена агенција која работи на оваа тема.

Од 2010 година, UN Women обезбеди поддршка на институциите на централната власт во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Косово и Република Молдавија за зајакнување на демократското владеење и унапредување на правата на жените преку иницијативи насочени кон вклучување на родовите прашања во планирањето на политики и буџетирање, со донаторска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Австриската развојна агенција (SDC и ADA) и фондовите на UN Women. Поточно, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Република Молдавија се дел од тековната повеќегодишна регионална програма за промовирање на родово одговорни политики и буџети, додека Србија и Косово го имплементираат РОБ како дел од нивните програми за земјата.

Во овие земји, РОБ беше воведен како трансформативен механизам, кој ги поврзува целите на политиката за родова еднаквост со потребната алокација на ресурси за нивно спроведување. Преку работата на институционализација на РОБ преку подобрена нормативна работа, особено со воведувањето на родова еднаквост во буџетските закони и политики, родовата анализа беше воведена како инструмент за идентификување на потребите на жените и мажите и поврзување на политиките со буџетот. Дадени се дополнителни напори и поддршка на организациите на граѓанското општество, парламентите и поборниците за родови прашања за значајно да придонесат во креирање политики и буџетирање од перспективи на потребите поврзани со развојот и приоритетите на исклучените / ранливите групи.

Кога: 22 (вторник) мај 2018, почеток: 10:00 крај: 16:45

23 (среда) мај 2018, старт: 09:00 – крај: 13:00

 Каде: Хотел Холидеј Ин, Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП