29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧесто практикувани навики поради кои потешко забременувате

Често практикувани навики поради кои потешко забременувате

Експертите од американската клиника „Mayo“ истражуваа кои проблеми потенцијално можат да предизвикаат неплодност. Веднаш дошле до првиот заклучок – оние жени кои работат физички тешки работни места имаат за 15 проценти помали шанси да забременат.

Покрај тоа нивната студија откри уште неколку причини:

Тежина

На жените кои се борат со вишокот килограми потребно им е речиси 60 проценти повеќе време да забременат во однос на жените со стандардна телесна тежина.

Стрес

Жените кои се секојдневно изложени на стресни ситуации имаат два пати поголем ризик од неплодност. Експертите во ваквите случаи препорачуваат јога или медитација.

Паметни телефони

Тие се извор на зрачење кое кај мажите наводно ја нарушува способноста на спермата да ја оплоди јајната станица.

Премногу секс

Иако во текот на плодните денови жените имаат зголемена желба за секс, не се препорачува да претерувате. За нормално, медицинските лица го сметаат за еднаш до два пати дневно за време на плодните денови.

Цигари

Познато е колку пушењето е штетно и влијае лошо на здравјето, а особено на женските полови органи. Дури 133 проценти од случаите за неплодност се поврзани со цигарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП