26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина му понуди на Трамп скратување на трговскиот суфицит до 200 милијарди...

Кина му понуди на Трамп скратување на трговскиот суфицит до 200 милијарди долари

Кинеските власти му понудија на американскиот претседател Доналд Трамп намалување на годишниот вишок на трговскиoт суфицит со САД до 200 милијарди долари. Еден од начините да го направат ова е зголемување на увозот на американски стоки, соопшти извор во Вашингтон, цитиран од „Bloomberg“.

Предлогот беше направен за време на новата рунда разговори меѓу двете земји оваа недела во главниот град на САД. Делегацијата, исто така, го вклучува кинескиот вицепремиер Лу Хи, кој се состана со Трамп во четвртокот попладне. Сепак, сé уште не е јасно што одговорија американските власти.

Меѓутоа, пред состанокот, претседателот имаше сомневања дека ќе се направи напредок. „Причината да се сомневам е дека Кина стана многу „разгалена““, рече тој за време на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Белата куќа рече дека желбата на американскиот претседател за фер трговски односи е изразена за време на вчерашните разговори, а Кина се согласи да продолжи денеска со дискусијата.

Претходно властите во Пекинг објавија дека ќе ги прекинат своите истраги во врска со увозот на американско сорго, велејќи дека тоа не е во „јавен интерес“.

Ако договорот за намалување на дефицитот ќе биде потврден, тоа ќе биде една „добра вест за расположението на пазарите“, изјави Дариус Ковалчик, стратег на „Credit Agricole SA“ во Хонг Конг. Според него, и покрај тоа, сепак Кина ќе го испита притисокот врз растот на бруто домашниот производ, што ќе ја принуди земјата да ја стимулира локалната побарувачка и долгот преку финансиски олеснувања и доделувањето на повеќе кредити.

Кратенката од 200 милијарди долари на вишокот до 2020-та година беше дел од списокот со барања кои американските претставници го предадоа на Пекинг при првиот круг од билатералните преговори во почетокот на месецот. Во изминатата година трговскиот дефицит на САД со Кина достигна рекордни 375 милијарди долари.

Пред тоа Вашингтон упати дополнителни барања кон Пекинг, вклучувајќи прекин на субвенциите и друга владина поддршка за иницијативата „Кина 2025“, која е насочена кон стратешки индустрии, како роботиката и производството на автомобили со алтернативни горива.

Во исто време властите во Кина исто упатија свои сопствени барања кои вклучуваат фер однос спрема нивните инвестиции, предупредувајќи дека САД може да бидат исклучени од мерките за отворање на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП