20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како изгледа долгот од 63 илјади милијарди долари?

График на денот: Како изгледа долгот од 63 илјади милијарди долари?

Ако се обединети долговите на сите национални влади, вкупната сума која се добива, изнесува 63 илјади милијарди долари.

Во една идеална ситуација владите земаат позајмени пари, за да го покриваат краткорочниот недостиг во буџетот или за да финансираат проекти од суштинска важност. Сепак во светот има земји кои земаат за природен дел од бизнисот при одржувањето на постојаните дефицити, заборавајќи дека преголемата акумулација на долг не е здраво ниту за самите нив, ниту за светската економија.

Светскиот економски форум, заедно со „Visual Сapitalist“, ја резимираа класификацијата на најзадолжените земји во светот во два основни критериума – процент од светскиот долг и соодносот долг и бруто домашниот производ (БДП).

Најголем дел од светскиот долг е во САД – земјата не остварува вишок од годишен буџет од 2001-ва година, кога федералниот долг беше само 6,9 илјади милијарди долари (54% од БДП-то). Речиси 17 години подоцна, задолженоста се зголеми речиси за три пати на 20 илјади милијарди долари, или 107% од БДП-то. Оваа сума изнесува 31,8% од номиналната вредност на државниот долг во светот.

Јапонија (18,8%), Кина (7,9%), Италија (3,9%) и Франција (3,8%) се првите пет во овој индикатор. Заедно, петте земји плус САД поседуваат 66% од номиналниот долг, или 41,6 илјади милијарди долари.

Што се однесува до односот долг кон БДП-то, работите изгледаат поинаку. Тука на прво место е Јапонија, чиј долг од 11.813 милијарди долари претставува импресивни 239.3% од БДП-то. Веднаш потоа се Грција со 181,6% и Либан со 148,7%. Четвртото и петтото место се соодветно за Италија (132,6%) и Португалија (130,3%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП