2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои во големи количини предизвикуваат здравствени тегоби

Намирници кои во големи количини предизвикуваат здравствени тегоби

Некои производи кои секојдневно ги консумираме и кои се сметаат за здрави, во поголеми количини може да предизвикаат здравствени тегоби. Дознајте со која храна и пијалоци не смеете да претерате.

Морков

Морковот е полн со витамини, минерали и влакна кои се добри за здравјето. Но, со преголемата консумација на овој зеленчук може да внесете премногу бета-каротен – молекулите одговoрни за портокаловата боја на морковот и претходник на витаминот А. Ова може да доведе до вишок на каротен во крвта што влијае на бојата на кожата.

Каротенемија е состојба која се случува поради тоа што каротенот е молекула која ја топи маста. Преголемите количини се акумулираат во надворешните делови на кожата што резултира со жолта или портокалова боја на кожата, особено во подрачјето на дланките, табаните, колената и околу носот. Сепак, и покрај драматичната последица, каротенемија е најчесто безопасна состојба од која брзо можете да се опоравите.

Морско оревче

Кога се користи како зачин, морското оревче нема ефекти освен што јадењата ги прави повкусни. Проблемот меѓутоа се појавува кога се консумира во преголеми случаи. Несаканите ефекти обично се појавуваат три до осум часа по конузсмирањето, а може да вклучуваат анeксиозност, страв и депресија.

Морското оревче, дури и во големи количини од 20 до 80 грама, ретко е смртоносно. Регистрирани се само два такви случаи. Токсиколошките тестови пронашле траги на мирстицин (состојка која може да се најде во есенцијалното масло на морското оревче) и флунитразепам (силен седатив) во крвтa. Смртта веројатно била предизвикана од комбинираниот токсичен ефект на двете супстанци.

Кафе

Иако некои тврдат дека не може да функционираат без шоља кафе наутро, најдобро е да не се консумирa премногу од овој пијалок. Според Мајо клиниката, не би требало да се конзумира повеќе од 500 до 600 милиграми кофеин дневно (просечна шоља кафе содржи 200 милиграми).

Нус-појавите кои се случуваат доколку се конзумира повеќе од 600 милиграми кофеин дневно, а тие вклучуваат несоница, мачнина, главоболка, забрзана работа на срцето, анксиозност итн. Во некои случаи по петата шоља кафе можно е да се појават и халуцинации.

Комбуха чај

Комбуха чајот е црн ферментиран чај со култура на бактерии и мувла кои се нарекуваат „Комбуха печурки“. Иако овој пијалок е обично безопасен, стручњаците предупредуваат дека одредените култури кои ги содржи чајот може да содржат загадување како лоша мувла и габи кои пак може да предизвикаат болест.

Просечните количини, од околу 2 децилитри дневно, обично не може да предизвикаат нус-ефекти кај здравите личности. Но, оние со постоечки здравствени проблеми, како и оние кои пијат преголеми количини од чајот, треба да внимаваат.

Вода

Да, постои опасност и од преголема консумација на вода. Тоа се случува кога личноста ќе испие толку течност што ќе ја поремети концентрацијата на натриум во крвта, создавајќи дисбаланс на електролитите. Оваа состојба се нарекува хипонатремија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП