Германците веќе подолг период се познати како најштедлив народ, кој штеди пари и во добри и во лоши времиња. Но од каде таа претпоставка?!
Изложбата во Берлин „Штедење-историја на германската доблест“, ја објаснува оваа приказна во целост.
Секако, не секој оваа навика на германците ја гледа како доблест. Германската скромност, веќе долго време е предмет на шега, а ригидната фискална политика и големиот суфицит се направени и покрај приговорите со Вашингтон и Меѓународниот монетарен фонд.
Очигледно е дека една ваква навика не е случајност. Изложбата открива дека веќе скоро 200 години банката и рекламната индустрија неуморно ја потенцираат важноста на доцнењето на парите како осигурување за во иднина, со цел да се постават темелите за навидум бескрајна навика која ќе се вкорени во националната психа.
Идеата се заснова на морално, одговорна и совесна личност која ќе става на страна пари за подобро да се грижи за себе и за своето семејство, и ќе биде пример за подобрување на општеството.
Банките почнале да ги посетуваат и училиштата, а децата ги „принудувале“ на заштети уште од нивната рана возраст, идејата толку брзо се реализирала што бројот на општинските банки почнал да се зголемува.
„Владата брзо забележа дека штедните банки имаа повеќе истовремени цели“, рече организаторот на изложбата Роберт Мушала. „Институциите можат да послужат за спречување на сиромаштијата, да помогнат во гарантирање на социјална контрола, и да им служат на општините и нивните потреби од кредите особено по Наполеоновите војни“.
Штедењето исто така е поврзано и со кризните времиња во Германија. Германците биле охрабрени да купуваат воени обврзници за да и помогнат на земјата за време на Првата светска војна. Овој менталитет продолжил дури и откако биле избришани дотогашните заштеди во 1923-та година кога германската валута станува безвредна.
Дури и ниските каматни стапки во последниве години не ја намалија посветеноста на германците кон штедењето.