По тренингот потребена ви е дополнителна енергија. Еве како да се наполните со енергија…
– една шака листови спанаќ
– 1 банана со средна големина
– 2 лажици овесни снегулки
– 2 лажички исецкани ореви
– ½ лажичка цимет
– ½ чаша филтрирана вода
– 1 шољичка незасладено бадемово млеко
– 1 лажица протеински прав
– лед
Подготовка:
Ставете ги сите наведени состојќи во блендер и мешајте за да ја добиете посакуваната смеса. Ќе добиете 2,5 чаши шејк.
Овој шејк има 500 калории, а ако сакате да го ограничите внесот на калории намалете ја количината на ореви и овесни снегулки.