24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНара: Цената на Икарди расте секојдневно

Нара: Цената на Икарди расте секојдневно

Ванда Нара, сопруга и менаџерка на капитенот на Интер, Мауро Икарди, изјавила дека нема никакви тензии околу потпишувањето на нов договор со клубот од „Џузепе Меаца“.

Откупната клаузула во договорот на Икарди изнесува 110 милиони евра, сума која можат да ја платат неколку врвни тимови, поради што челниците на Интер очајнички се обидуваат да го убедат напаѓачот да потпише нов договор, о кој и откупната клаузула ќе биде поголема.

„Мауро брави голема бучава на теренот, каде и треба да го прави тоа. Околу продолжувањето на договорот сите сме опуштени. Кога на стадионот ќе се сретнам со спортскиот директор Аузили, секогаш се смееме и шегуваме. Секогаш му кажувам дека Мауро секој ден вреди повеќе. Во воздухот не се чувствува тензија, туку спокојство“, рекла Ванда Нара.

Таа потенцирала дека договорот треба да се продолжи, но и да содржи многу подобри финансиски услови за фудбалерот.

„Не можам да ја предвидам иднината, само ќе кажам дека ми се допаѓа проектот на кинскиот сопственик и семејството Жанг. Сакаат да го вратат Интер на местото каде што некогаш беше“.

Мауро Икарди блесна викендов во Џенова, каде на Спамдорија и даде четири гола во победата 5:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП