29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИкарди нема да патува за Русија

Икарди нема да патува за Русија

На нешто помалку од четири месеци до почетокот на Светското првенство во Русија аргентинските медиуми објавија дека селекторот Хорхе Сампаоли решил во тимот кој ќе настапи на Мундијалот да го нема најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди.

Одлуката е изненадувачка, но и логична бидејќи Икарди, иако според квалитетите заслужува место во репрезентацијата, нема добри односи со поголем дел од играчите.

Икарди има одиграно само четири натпревари за Аргентина.

Аргентина се мачеше во квалификациите за пласман на Мундијалот, а најголем проблем беше играта, односно тимот преполн со ѕвезди е зависен од Лионел Меси.

Медиумите во оваа земја заклучија дека кога веќе нема игра Сампаоли решил барем во соблекувалната да има добра атмосфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП