Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

Овие здрави намирници ја саботираат вашата диета

Време: 13:40

Датум: февруари 9, 2018

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Ако одреден вид на храна е здрава, тоа не значи дека истата е и диетална. Ако консумирате некои од овие намирници, можно е бројката на вашата вагата да потскокнува. Не ги исфрлувајте од вашето мени, но сепак ограничете го нивниот внес.

1. Суво овошје

Кога плодовите од овошјето се сушат, тие губат од својата маса, што значи дека им се зголемува количеството на шеќери и калории. На пример, 50 гр. суво грозје има идентична калориска вредност како и две парчиња интегрален леб. Запрашајте се што ќе ве засити повеќе?

2. Енергетски плочки со житарки

Дали практикувате помаѓу два оброка да ја „залажете“ гладта со енергетска плочка бидејќи едноставно не сакате да грицкате нездрав чипс или други солени грицки? Тие се навистина одлична замена за меѓуоброците, содржат житарки кои бавно ја отпуштаат енергијата а со тоа прават и подолго да чувствувате ситост. Но, една помала енергетска плочка содржи помеѓу 200 и 350 калории. Може ли таков внос на калории да поднесе вашата диетална исхрана?

3. Овошен јогурт

Постои ли повкусен и поздрав утрински оброк од овошниот јогурт? Нема ниту да забележите никакви промени на вашата вага ако во вашиот омилен јогурт сами вметнете неколку парчиња свежо овошје. Но, ако во брзање посегнете по готов овошен јогурт, тогаш би требало да бидете повеќе внимателни. Таквиот јогурт изобилува со шеќери, а со тоа и е значително покалоричен од појадокот кој сами ќе си го подготвите.

4. Вода со вкусови

Исклучително е здраво да се пие обична вода и дневно се препорачува внес од 8 чаши. Но сепак не би требало обичната вода да ја изедначите со водата која е збогатена со овошни ароми. Во таквите води најчесто се крие изненадувачко количество на шеќери, па еден литар таква вода содржи повеќе од 200 калории. Практикувајте да пиете обична вода која во ниту еден случај нема да ви донесе вишок калории.

5. Јаткасти плодови

Ако сакате негувана кожа, тогаш треба да практикувате храна која е богата со витамин Е. Тој се наоѓа во јаткастите плодови како што се лешниците, оревите и бадемите. Овие тврди плодови од природата се одличен меѓуоброк, но тие се исклучително калорични намирници. Сетете се на ова кога на работа ќе понесете 100 грама бадеми, бидејќи во нив има дури 580 калории.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ефикасен, но и неверојатно вкусен напиток кој ги топи мастите!

    Ефикасен, но и неверојатно вкусен напиток кој ги топи мастите!

    Ако во текот на празниците го прекршивте ветувањето дека нема да претерувате со храната, имаме добра вест за вас. Едноставен напиток кој можете да го…

  • Често практикувани навики поради кои потешко забременувате

    Често практикувани навики поради кои потешко забременувате

    Експертите од американската клиника „Mayo“ истражуваа кои проблеми потенцијално можат да предизвикаат неплодност. Веднаш дошле до првиот заклучок – оние жени кои работат физички тешки…

  • Како за 5 минути да направите здрав појадок? (видео)

    Како за 5 минути да направите здрав појадок? (видео)

    Од само пет состојки можете да направите дури три здрави појадоци и тоа за само пет минути… Путер од кикирики, банана, јаворов сируп, јогурт и…

  • Напиток кој ја враќа свежината и енергијата на организмот

    Напиток кој ја враќа свежината и енергијата на организмот

    До сега би требало сите јасно да знаат дека – се што јадеме и пиеме, се одразува на нашиот изглед. Поради тоа и решението за…

  • Возењето велосипед има свои бенифити

    Возењето велосипед има свои бенифити

    Возење велосипед го зголемува животниот век. Знаете ли дека на светот постојат повеќе од милијарда велосипеди? Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е…

  • Верувале или не, овој вирус кружи низ Европа уште од каменото време (фото+видео)

    Верувале или не, овој вирус кружи низ Европа уште од каменото време (фото+видео)

    Станува збор за Хепатит Б, за кој германските научници сметаат дека постои уште од пред 7.000 години. Генетска материја од овој вирус пронајдена е во…

  • Прочистете ја крвта со овие намирници

    Прочистете ја крвта со овие намирници

    Доколку сакате да ја прочистите вашата крв и на некој начин да го подмладите своето тело потребно е само во вашата секојдневна исхрана да ги…

  • Чувствувате неподнослив замор кој ви го уништува денот?! Погледнете за што се работи!

    Чувствувате неподнослив замор кој ви го уништува денот?! Погледнете за што се работи!

    Овој витамин служи за создавање на црвени крвни клетки, а игра многу важна улога и при развојот на нервниот систем, но исто така има влијание…

  • Пешачење наместо теретана за слабеење

    Пешачење наместо теретана за слабеење

    Пешачењето е секојдневна активност чие благотворно дејство повеќе од нас не го користат максимално. Имено, пешачењето може да биде единствена физичка активност неопходна за слабеење,…

  • Никогаш не оставајте чаша вода во близина на креветот!

    Никогаш не оставајте чаша вода во близина на креветот!

    Над една третина од луѓето се будат ноќе. Половина од нив – неколку пати. Главната причина за нивното будење се природните потреби. Особено жед. Без…