27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВишокот на тековната сметка на Германија е најголем во светот во 2017-та

Вишокот на тековната сметка на Германија е најголем во светот во 2017-та

Вишокот на тековната сметка на Германија бил најголемиот во светот за 2017-та година. Ова го покажуваат информации на економски институт „Ifo“ со седиште во Минхен, што не е исклучено да доведе до нови критики за економските и фискалните политики на најголемата европска економија, соопштува „Ројтерс“.

Вишокот на тековната сметка на земјата, мерејќи го движењето на стоки, услуги и инвестиции, е прва веќе втора година по ред во светот, а изнесуваше 287 милијарди долари.

Веднаш по „моторот на Европа“ е Јапонија со 203 милијарди долари.

Со години од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија го повикуваа Берлин да ја зголеми локалната побарувачка и увозот, за да може да се намали недостигот на економска рамнотежа и да се даде нов поттик на светскиот раст, вклучувајќи и во рамките на еврозоната.

Критики дојдоа и од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека Германија прави премалку за да го намали трговскиот суфицит со САД, обвинувајќи ја земјата во „многу лоши“ трговски политики.

Канцеларот Ангела Меркел, од друга страна, одговори на обвинувањата велејќи дека приватната потрошувачка стана главен двигател на растот. Според неа, германскиот суфицит е резултат на интеракција помеѓу понудата и побарувачката на меѓународните пазари, како и тоа дека Берлин има само ограничено влијание врз други важни фактори, како конверзии на еврото и цените на енергетските извори.

Според „Ifo“, Кина беше трета во изминатата година со позитивна рамнотежа од 135 милијарди долари, помалку од половина од Германија.

Германскиот суфицит во тековната сметка се намали на 7,8% од вкупното производство во 2017-та година. За споредба, во изминатата година тој изнесуваше 8,3%.

Економистот на „Ifo“, Кристијан Гриме наведува дека трговијата со стоки е главната причина за позитивниот платен биланс на Германија, како во основата и силната побарувачката од ЕУ и САД.

Во првите 11 месеци од минатата година трговскиот суфицит на земјата со стоки изнесуваше 249 милијарди евра, при што извозот продолжи да го надминува увозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП