Компирот не е без причина една од најзастапените намирници во светот, порачуваат нутриционистите.
Покрај тоа што ќе ве засити, во компирот се крие и богатство од лековити состојки.
Еден компир во просек содржи:
– 4 пати повеќе калиум од бананите
– 46 проценти од дневните потреби за витамин Б6
– 50 проценти од дневните потреби за витамин Ц
– 33 проеценти од дневните потреби за манган
– 7 грама влакна
Го регулира крвниот притисок
Компирот често го бие лош глас бидејќи се смета за намирница која дебелее. Тоа не е така, особено ако го јадете без додатоци кои дебелеат како што се сирењето, павлаката и другите полномасни млечни производи. Оваа намирница е одличен извор на калиум кој го хидрира организмот и помага во намалувањето на крвниот притисок.
Го стимулира варењето и ве прави сити
Компирите се богати со влакна, и особено се вкусни ако ги испечете и ги јадете со кората. Токму поради влакната ќе бидете и подолго сити. Компирите делуваат позитивно и на здравјето на срцето и го регулираат нивото на лош холестерол во крвта.
Компирот е богат со витамин Ц
Во кората на компирот, па и во самиот плод, се наоѓа голема количина на витамин Ц. Поради тоа оваа намирница е добра за зајакнување на имунитетот, но и поттикнува зараснување на раните.
Ги чува коските
Компирот е богат со манган, кој игра важна улога во преработката на протеини, јаглени хидрати и холестерол. Оваа намирница игра значајна улога во заштитата од остеопороза.
Богат е со витаминот Б6
Овој витамин игра важна улога во здравјето на кардиоваскуларниот систем, варењето и имунитетот, но и во изградбата на мускули и функционирањето на нервен систем.
Ја намалува киселината во желудникот
Сокот од компири ги намалува непријатните симптоми на гастритисот и го регулира лачењето на желудечната киселина,