27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛудилото околу биткоинот се стабилизираше, но дали пристигнува новa бура?

Лудилото околу биткоинот се стабилизираше, но дали пристигнува новa бура?

Откако лудилото околу биткоинот малку се стабилизираше, сите се прашуваат дали и колку силно тој инвестициски балон ќе пукне.

За тоа време, на светот му се заканува нов предизвик.

Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (Ханфа) нагласува дека криптовалутите и „ICO“ моментално не се особено регулирани внатре во домашното законодавство, а не постои ниту посебен пропис на ниво на Европската унија со кој значително би се регулирале, а „Јутарњи“ веќе пишуваше кога во октомври својот „ICO“ го лансираше првата хрватска компанија, „Digital Assets Power Play“, собирајќи капитал во вредност од дури 2,6 милиони долари.

„Ханфа“ тогаш беше особено воздржана, а сега предупредува дека трговијата со криптовалутите и „ICO“ често во медиумите се споменуваат како алтернативни активности со кои лесно и на едноставен начин може да се заработи или да се дојде до средства за финансирање на одредени проекти, но често станува збор за високоризични и нерегуларни активности, па потенцијалните вложувачи мораат особено да бидат свесни за можност на загуба на сите свои вложени средства и можноста за недостаток од правна заштита.

Нагласувајќи дека моментално на ниво на Европската унија се водат разговори за тоа како да се постапи во врска со темата криптовалута, при што во предвид се земаат прописите кои ги регулираат финансиските пазари („MiFID“, „AIFMD“, „Prospectus“ и слични), заштита на потрошувачите, платниот промет, спречувањето на перење пари и финансирање на тероризмот…

Напишани се различни предупредувања кои во последно време се објавени од страна на регулаторните тела, повикувајќи ги вложувачите во криптовалути да внимаваат, затоа што не постојат посебни регулаторни механизми за заштита и мал речник на поими:

Што е „ICO“?

„ICO“ е нов начин за собирање на средства во јавноста, со потреба на т.н. коини, односно токени. Секој „ICO“ може да се разликува во однос на неговата структура и правата кои купувачот ги добива со купувањето на токени, што значи дека правата поврзани со купувањето на одредени токени не се стандардизирани. Во повеќето случии производите во рамките на „ICO“ се купуваат за одредена криптовалута (пр. биткоин, етер). Токените се создаваат и дристрибуираат со помош на т.н. „Distributed Ledger Technology“ (DLT) како широкопојасна технологија во разни области, на пример во водење на различни електронски бази на податоци во индустрии, услужните сектори, финансискиот сектор, државната управа итн… каде нема централен администратор или чување на податоци, додека секундарното тргување со токени по правило се организира на посебни трговски платформи кои се наменети за купување, продажба или размена на криптовалути.

Кои се ризиците поврзани со криптовалутите и „ICO“?

– Главно поради нереглуираната област, поради која е честа можноста за манипулација и други неправилности.

– Недостатокот на доверливи и релеватни информации.

– Визок ризик од згуба на дел или сите вложени средства.

– Значителната нестабилност на вредноста на вложувањата и неможноста за „излез“ од вложувањето во било кој момент.

– Ризиците поврзани со информатичката технологија која се користи за изработка и дистрибуција на токени (на пример хакерски напади, неможноста за пристап до токени, загуба на клучот за пристап, т.н. дигитален паричник).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП