Можете ли да замислите како светот ќе изгледа за десет години? Судејќи според предвидувањата на веб-страницата на Блумберг, иднината не е светла. Нивниот “песимистички водич од 2018 до 2028” укажува на шокови кои би можеле да го погодат светот следната година и да ја завијат целата следна деценија во црно.
Сценарио 1: Трамп освои нов мандат
По воведувањето на даночно олеснување, следната година, американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го протурка својот план САД да потрошат милијарди долари за армијата и инфраструктурата. Тоа ќе ја подигне економијата и ако истрагата на Роберт Милер за врските со Русија не открие ништо на кое Трамп беше лично вмешан, во 2020 година на Трамп му се смее нов мандат и покрај слабиот рејтинг. Во првата година од новиот мандат, Трамп конечно би можел да го укине Обамакер, но тешко може да најде добра замена. Хаосот во здравствениот систем ќе се поклопи со прекин на даночните олеснувања, што би можело да доведе до колапс на пазарот и да ги однесат САД во длабока рецесија.
Во таква ситуација, не би било тешко да се замисли дека во 2024 година, на пример, еден демократ и комичар Џими Кимел да дојде на претседателската функција, доколку тој претстави подобар здравствен план. Вирџинија може да го избере ултрадесничарот Стив Бенон за следниот сенатор. Побуни во здравството ќе се појават во големите градови. До 2028, и демократските и републиканските партии би можеле да се распаднат, додека избирачите разочарани од политиката ќе можат да се приклонат кон алтернативните партии.
Сценарио 2: Биткоинот ги менува банките
По рекордната вредност на биткоинот во 2017 година, следната година би можела да надмине 40.000 долари, поради зголемениот страв од безбедноста на финансискиот систем. Утврдувањето на одржливоста на дигиталните валути на масовен пазар може да придонесе дури и ако некои големи компании, како Alibaba прифатат своја крипто-валута. Тогаш биткоините би можеле да бидат прифатени од земји со несигурни економии, како што се Венецуела и Грција и неколку африкански земји, со што цената ќе се зголеми на неверојатни 100.000 долари.
“Wormhole”, може да се појави во 2023 година и да собере податоци и готовина од сметките на банките. Во наредните три години ќе има хаос во глобалниот банкарски систем кој би можел да резултира со заобиколување на банките во бизнисот и издавање на дигитални пари директно на домаќинствата. До 2028 година, комерцијалните кредитори би се распаднале, а глобалниот финансиски систем би бил поврзан со дигиталните валути. Биткоинот би можел да чини дури 1 милион долари.
Сценарио 3: Напад на Северна Кореја
Пјонгјанг многу пати оваа година тврдеше дека има ракета која би можела да удри во САД. И покрај најавите, Трамп би можел да се откаже од воена интервенција и да се согласи со кинескиот претседател Кси Џинпинг дека Кина, единствениот севернокорејски сојузник целосно ќе ја затвори границата.
Една година подоцна, државната телевизија на Северна Кореја би можела да објави дека лидерот Ким Јонг Ун неочекувано починал од срцев удар. Новиот режим би можел да се согласи да ја делнуклеаризира земјата. Рејтингот ќе се зголеми, а врските со претседателот на Кина ќе бидат одлични.
Ова може да доведе до продажба на американско оружје во Кина до 2020 година. На последниот ден од вториот мандат на Трамп, Кина може да објави анекс на Тајван, кој Трамп би го поздравил. Сето ова може да биде проследено со одговор од Јапонија во форма на развивање на нуклеарно оружје, потег што би можел да ја донесе Азија во нова трка во вооружување до 2028 година.
Сценарио 4: Војната на генерации ја уништуваат Европа
Француските пензионери би можеле да протестираат во 2018 година поради обидот на претседателот Емануел Макрон да го реформира пензискиот систем, а изборите во Италија покажуваат остра поделба помеѓу генерациите. Гласачите постари од 50 години би можеле да гласаат за Силвио Берлускони, ако тој вети дека ќе ги сочува нивните пари за црни денови, со што би можел да победи на изборите.
До 2024 година, во поголемиот дел од Европа, невработеноста кај младите би можела да изнесува околу 50 отсто, што би можело да предизвика распаѓање на владите поради нивните долгови. Каталонија може повторно да гласа за да ја напушти Шпанија, а Мадрид е толку сиромашен и импотентен што не може да го запре. Четири години подоцна Белгија ќе се подели на три дела, француски, фламански и Брисел, главен град на она што останало од ЕУ.
Сценарио 5: Електрични автомобили и крајот на ерата на нафтата
Откривање на технологијата на батериите веќе во 2018 година го отвора патот за масовно производство на евтини електрични автомобили, поради што е причината зошто ОПЕК го ограничува производството на нафта. Суровата нафта за сега останува на 50 долари за барел, но до 2020 година цената на нафтата може да падне на 40$, поради големиот број на електрични автомобили кои пристигнаа од Шенжен и Силиконската долина. Цената на нафтата од 50 долари , може да го натера саудискиот крал Мохамед бин Салман да излезе од акциите на компанијата “Саудиска Aramiko” и да започне изградба на мегалополисот во пустината.
Брзите промени во автомобилската индустрија ќе ги донесат економиите од Јапонија до САД во борба за преживување, а цената на нафтата која ќе падне до 20 долари до 2021 година најмногу ќе ги погоди Ријад и Москва.
До 2024 година, Саудиска Арабија ќе биде во економска депресија, а Блискиот Исток повторно ќе ја разниша нестабилноста. Владимир Путин би можел да се повлече од политиката, но и да продолжи да управува преку претседателот Елвира Набиулина, поранешен гувернер на Централната банка. Нафтата ќе падне на 10 долари.