26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВклучете ја во исхраната уште денес: Вкусна намирница која делува превентивно на...

Вклучете ја во исхраната уште денес: Вкусна намирница која делува превентивно на ракот на дојка!

Овие масти се од суштинска важност за развојот на мозокот и кардиоваскуларниот систем, а исто така се борат со било кој вид на воспаление во внатрешноста на организмот.

Најновите истражувања покажаа дека со консумирањето на лосос два пати неделно можете да го намалите ризикот од рак на дојка. Имено, кинеската студија објавена во Бритиш Медикал Журнал покажа дека 2 порции од масна риба, како што е лососот, може да го намали ризикот од рак на дојка.

Масната риба е богата со омега 3 масни киселини. Овие масти се од суштинска важност за развојот на мозокот и кардиоваскуларниот систем, а исто така се борат и со било кој вид на воспаление во организмот.

За жал статистиката покажала дека дури и во развиените земји како Велика Британија, 9 од 10 деца и 65 % од возрасните никогаш не јадат масна риба. Она што е уште полошо, телото не може да произведе омега 3 масти. Истржувачите анализираа 26 студии спроведени во Азија, Америка и Европа. Нивното истражување вклучува 80.000 учесници и повеќе од 20.000 се со дијагноза рак на дојка. Резултатите покажаа дека само 0,1 проценти повеќе енергија или дополнително 0,1 грам дневно добиени од омега 3 масни киселини го намалуваат ризикот од рак за 5 проценти.

Жените би требало да јадат најмалку 2 оброка масна риба како што се харингата, лососот, туната, сардината или скушата неделно и секоја порција треба да биде околу 150 грама. Белата риба како што е бакаларот исто така е добра, но не е толку богата со омега 3 масти како масната риба. Жените во Азија имат најмал ризик од појава на рак на дојка, бидејќи многу почесто јадат риба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП