25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета која ја олеснува менопаузата

Диета која ја олеснува менопаузата

Правилната исхрана во менопаузата е од основна важност за здравјето на коските, мускулите, срцето и мозокот.

Мора да биде умерено калорична и добро избалансирана. Ви препорачуваме пример за дневно мени за исхрана во менопаузата, кое освен што ќе направи да бидете здрави и да ги внесете потребните состојки, ќе ги намали и непријатните симптоми со кои се соочувате.

ПОЈАДОК: филџан кафе, чаша делумно обезмастено млеко, 1-2 парчиња интегрален леб со 2 лажички џем без шеќер.

УЖИНКА: овошна салата од повеќе видови на свежо овошје

РУЧЕК: интегрални тестенини со домати, риба варена на пареа и зачинета со сок од лимон, зелена салата, кафе без кофеин.

УЖИНКА: обезмастен бел или овошен јогурт кој ќе го направите дома сами, без шеќери.

ВЕЧЕРА: зеленчукова супа, салата од домати со моцарела, интегрален леб, чај од липа.

Според ова пример мени можете да си ги организирате и другите денови, така што намирниците ќе ги замените со други од нивниот вид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП