8 декември, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовиот филм на Спилберг фаворит за „Оскарите“ (видео)

Новиот филм на Спилберг фаворит за „Оскарите“ (видео)

По двегодишна пауза, режисерот Стивен Спилберг се враќа со филмот The post, во кој главните улоги ги толкуваат Мерил Стрип и Том Хенкс.

Филмските критичари веќе зборуваат дека новиот филм ќе му обезбеди минимум седум номинации за „Оскар“ на Спилберг, и тоа за најдобро сценарио, за најдобар филм, за музика, режија, за главна женска и за главна машка улога и за монтажа.

Филмот е снимен по вистинска приказна од 1971 година кога во јавноста беа објавени тајни документи кои открија недозволни дејства на американската војска во војната во Виетнам.

Документите ќе завршат во рацете на Кеј Греем, вработена во „Вашингтон пост“, која ја глуми Мерил Стрип и која со помош на Бен Брејдли (Том Хенкс) ќе го истражува случајот што би можел да стане тема број еден во светот. На патот ќе им застане американската влада, а целата приказна ќе заврши пред Врховниот суд.

Светската премиера на филмот е закажана за 22 декември, а доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП