28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБирократијата одложува инвестициски проекти од 11 милијарди евра во Грција

Бирократијата одложува инвестициски проекти од 11 милијарди евра во Грција

Два од најголемите инвестициски проекти во Грција, вредни околу 11 милијарди евра, се заплеткале во бирократски и правни случаи. Ова го покренува прашањето за способноста на земјата да привлече инвестиции што очајно им се потребни за закрепнување на економијата, пишува „Блумберг“.

На крајот од минатата недела, инвеститорот во најголемиот проект во земјата кој ќе биде распореден на поранешниот меѓународен аеродром Хелиникон кај Атина, „Lamda Development“ предупреди дека државата се обидува да наметне нови услови и покрај договорот.

Од „Lamda“ истакнуваат дека ова „ја нарушува довербата меѓу страните“ според договорот.

Претходно, канадскиот „Eldorado Gold Corp.“ објави дека презема правно дејство против државата поради неуспехот на проектот за рударска компанија во северна Грција.

Канадската рударска компанија има историја на проблеми во Грција, објави новинската агенција. Компанијата ја купи „Kassandra Mines“ во 2012-та година за околу 2 милијарди долари, а оттогаш инвестираше уште една милијарда долари во земјата, вели нејзиниот главен извршен директор, Џорџ Барнс.

Во јануари минатата година, компанијата ги промени своите инвестициски планови бидејќи не ги доби потребните работни дозволи. Во септември оваа година, таа се закани дека ќе го запре своето работење поради постојаното одложување на роковите за издавање на потребните дозволи за развој на рудникот лоциран на полуостровот Халкидики.

Подоцна, компанијата и грчката држава започнаа арбитража. Досега, владата одбива да го коментира случајот.

Случајот со „Lamda“ е малку поинаков. Националниот археолошки совет одлучи во октомври дека локацијата може да биде изградена под одредени дополнителни услови. Според компанијата, ова е „неочекувана промена во договорите што се однесуваат на интегрираниот градежен план“.

Компанијата вели дека не може да инвестира повеќе пари додека не се појават нови и нови бариери за имплементација на проектот. Покрај тоа, групата смета дека поради министерските одлуки објавени по состанокот на Археолошкиот совет, постои загриженост околу тоа дали проектот може да се реализира воопшто.

„Хелиникон“ се смета за амблематичен проект за Грција. Теренот на напуштениот аеродром беше вклучен во планот за приватизација на земјата уште во 2010-та година. Неговата продажба мораше да биде завршена во 2014-та година.

Досега, инвеститорот не коментираше дали ќе се откаже од проектот. Компанијата само инсистира на „јасна посветеност“ од страна на властите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП