26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва на „Синедејс“ филмовите на Звајгинцев и Херцог

Вечерва на „Синедејс“ филмовите на Звајгинцев и Херцог

Вечерва на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе бидат прикажани филмовите на Андреј Звјагинцев „Без љубов“ и документарниот запис „ Гледај и чуди се: Соништа за поврзан сон“ на Вернер Херцог. Годинава на Канскиот и Лондонскиот филмски фестивал филмот „Без љубов“ се закити со награди од жирито.

„Без љубов“ – Жења и Борис поминуваат низ пеколен развод исполнет со презир, фрустрација и обвинувања. Отпочнувајќи нови животи, секој со нов партнер, нестрпливи се да почнат одново, да свртат нов лист, дури и по цена на закани за напуштање на нивниот 12-годишен син Аљоша. Но, по една од нивните расправии, Аљоша исчезнува.

„ Гледај и чуди се: Соништа за поврзан сон“ – Режисерот Вернер Херцог ги истражува минатото, сегашноста и иднината на Интернетот и како тој влијае врз човековата интеракција и модерното општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП