24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДенес изложба на дела на Мухамедали Алили во Чифте амам

Денес изложба на дела на Мухамедали Алили во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, денес во 20 часот ќе се отвори изложба на Мухамедали Алили со наслов „Скриени шепоти“.

Мухамедали Алили е роден 1972 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, 2000г., отсек графика, во класата на проф. Димитар Малиданов,. Во 2013 година започнал постдипломски студии воУниверзитетот ФОН отсек графички дизајн. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу колективни изложби во Македонија и во многу други земји. Живее и работи во Куманово.

Уште од почетокот на својата кариера, Дали Алили примети дека нема ни желба ниту пак време за да ја изрази неговата грижа и гневот што секој ден му се собира насекаде каде ќе се сврти, преку митолошки, историски, религиски или пак национални фигури. Тој не планира да ги идеализира или разубавува феномените, но преку едноставноста и умештвото на еден вистински уметник сака да го претстави тоа што го мисли. Како истакнат маестро на графиката и ликовната уметност, со сликарството се зближи со истата чувствителност и посветеност. Алили е добар познавач на природата и формите и никогаш не се измори од нив, ги остави во минатото, таму каде што ги најде. Од почеток се нафати за уметничките елементи, „откри“ дека светот не е црно-бел, дека има милион бои и нианси, исто како личностите на човештвото.

Сликите на Дали зборуваат, тие извикуваат крикови од внатре: Неговите слики имаат разновидност, движење и извикуваат: немате потреба од толпи луѓе, барајте си ја индивидуалната слобода и не бркајте туѓи работи. Алили никогаш не нé исцрпи со претставување на сето тоа што го гледаме, го допираме. Тој созадава свој свет, една своја грижа која ја вади од внатрешноста, осветлувајќи ја со соодветното светло, насочувајќи ја по правиот пат оставајќи секој да ја доживее на свој начин. Освен колоритот кој го нагласува со својот вкус, делата на Дали имаат и временска димензија, која ниту една емоционална состојба не може да ја премине без да ја доживее.

Духовното богатство и смислот на позитивен хумор исто така се присутни, така тие што можат да го препознаат веднаш се фатени на стапица. Истовремено присутни се и сериозноста и вистинитоста, соодносот на боите, тоновите и полутоновите кои ги збогатуаваат таблоата со емоции и содржина. Иако изгледаат апстрактни, неговите слики пренесуваат конкретни пораки. Приказните отсликани на таблоата на Дали почнуваат со стандардниот пролог: „Било еднаш одамна“, но ги кршат табуата раскажувајќи ни за еден поразличен свет кој почнува со „Од сега понатаму…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП