15 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку овошје и зеленчук треба да јадете секој ден?

Колку овошје и зеленчук треба да јадете секој ден?

Многу луѓе не успеваат да изедат пет порции овошје и зеленчук дневно, но новото истражување покажува дека и таа количина е мала, ако сакаме да бидеме комплетно здрави.

Едно шпанско истражување покажа дека лицата кои јадат седум порции овошје и зеленчук дневно, живеат само една година повеќе од оние кои ја немаат оваа навика.

Истражувањето покажа дека големата количина на овошје и зеленчук не штити од срцевите заболувања.

Лицата кои дневно внесуваат повеќе од 570 грама овошје и зеленчук распределени во 7 порции, имаат 10 проценти помалку шанси да починат предвреме и во просек живеат 1,12 години повеќе од лицата кои консумираат помалку од 250 грама дневно.

Истражувањето покажува дека секои 200 грама од овие намирници над дозволената доза го намалуваат ризикот за предвремена смрт за шест проценти.

Значи, за да ги избегнеме честите разболувања, да го одржуваме нашиот организам повитален, да бидеме поздрави и да си го продолжиме животот треба да конзумираме повеќе од 570 грама овошје и зеленчук кои ќе ги распределиме во 7 или повеќе порции.

Затоа истражувачите веруваат дека речиси три проценти од смртните случаи можат да се спречат само со промена на навиките во исхраната.

Претходните истражувања покажаа дека зголемувањето на препорачаната дневна доза на овошје и зеленчук може да го намали бројот на лица со хронични болести, како и стапката за смртност и тоа за 10 до 25 проценти.

Големата количина овошје и зеленчук особено се препорачува за лицата кои конзумираат алкохол, пушат цигари или имаат прекумерна телесна тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП