18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Ослободување на Скопје“ награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Торонто

„Ослободување на Скопје“ награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Торонто

Фестивалот на македонски филм што по 12. пат се одржа во Канада ги објави наградите во рамки на неколку категории.

Имено, за најдобар долгометражен филм е прогласен филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, додека наградата за најдобар документарен филм ја понесе „Балкански корени“ во режија на Крис Рабит и Ентони Флечер.

Фестивалот, наградата за најдобар краткометражен филм ја додели на „Борба за смрт“ во режија на Елеонора Венинова.

Според фестивалското жири, составено од еминентните филмски експерти Лари Анклевиц, Кристина Почмурски и Френк Карусо, „Ослободување на Скопје“ е „исклучително остварување во однос на актерската екипа, режијата и сценариото, кое успешно успева да ги долови страдањата на македонскиот народ за време на војна“.

Актерката Силвија Стојановска ја доби наградата на најдобра актерка. Во образложението на наградата за документарен и краткометражен филм, жирито потенцираше дека „Балкански корени“ е „одлично продуциран документарен филм, кој изобилува со прекрасна музика и музичари кои си ја сакаат професијата„ додека „Борба за смрт“ успешно го комбинира жанрот комедија со реалноста на умирачката која вообичаено се третира како табу тема.

Поради големиот интерес од страна на публиката, „Ослободување на Скопје“ беше повторно прикажан на 28 октомври во 15.30 часот и 19.30 часот, информираат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП