2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои имаат повеќе витамин Ц од лимоните

5 намирници кои имаат повеќе витамин Ц од лимоните

Многумина витаминот Ц го поврзуваат со цитрусите, но овој важен витамин се крие и во некои други намирници и тоа во многу поголеми количини од тоа што очекувате. Откријте кое овошје и зеленчук има повеќе витамин Ц од лимоните. Ќе бидете изненадени!

Црвена и жолта пиперка

Пиперката е број еден кога станува збор за изобилство од витамин Ц. Во 100 гр црвена и жолта пиперка се наоѓаат 190 милиграми витамин Ц, што е речиси за четири пати повеќе отколку во портокалот.

Брокула

Брокулата е богата со хранливи состојки но и со витамин Ц. Само 100 гр брокула е доволно за во организмот да внесете околу 90 милиграми витамин Ц.

Кељ

Кељот е богат со витамините А и Ц и влакна, а кога станува збор само за витаминот Ц тој е застапен со 80,4 мг во само 67 грама кељ. Во народната медицина свежите листови од кељ се ставаат на болните зглобови и чиревите, а сокот од овој зеленчук им се препорачува на лицата кои страдаат од стомачни проблеми.

Киви

Уште едно „кисело“ овошје кое е одличен извор на витамин Ц. Освен тоа, кивито е богато со витамините К, Е, калиум и бакар. Истражувачите докажа дека кивито ја штити нашата ДНК од оксидативен стрес.

Карфиол

Карфиолот може да се јаде свеж или како додаток во салатите или јдењата, а во својата исхрана би требало да го вклучите бидејќи во 100 гр карфиол има дури 79 мг витамин Ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП