4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочна 16. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Почна 16. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Центарот за култура во Дебар стартуваше 16. издание на фестивалот ,,Албански театар во Македонија“.

Настанот го отвори директорот на фестивалот Илбер Нуредини кој нагласи дека средствата кое Министерството за култура ги доделува не се доволни за достојно реализирање на фестивалот, кој како што рече, е единиствен од ваков вид во Македонија.

На првата вечер на фестивалот се претстави Кумановскиот театар на албански јазик, додека според програмата на ова издание на дебарската публика ќе ѝ се престават албански театри од Македонија, Косово, Албанија и првпат од Црна Гора.

На фестивалот ќе бидат преставени седум тетарски претстави, а на крајот на фестивалот ќе бидат доделени и наградите за најдобра драмска престава, најдобра машка и женска улога и најдобра режија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП