14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоради што бананите не се добар избор за појадок?

Поради што бананите не се добар избор за појадок?

Нутриционистите сметаат дека, и покрај тоа што бананаите се чинат за совршена опција за брз појадок, тие тоа всушност не се.

Бананите во себе содржат дури 25 проценти шеќери и спаѓаат во умерено кисели намирници, поради што не се најдобра опција доколку се единствена утринска храна.

Најдобар начин да се започне денот е појадок кој ги согорува мастите и со кој ќе внесете доволно енергија да издржите до следниот оброк.

Иако бананите ќе ви дадат одредена количина на енергија, брзо ќе започнете да чувствате глад и замор. Затоа тие се подобар избор за ужинка отколку за цел оброк, бидејќи изедени така сами не се доволни за почеток на денот.

За да го спречите чувството на замор и глад, откако ќе изедете банана за појадок, би требало бананата да ја комбинирате со храна која содржи здрави масти, како авокадо.

Бананаите спаѓаат во групата на кисели намирници, а таа киселина треба да се неутрализира за да ги искористите само добрите состојки на бананата како што е калиумот, влакната и магнезиумот, а не шеќерот кој само дава краток налет на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП