9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот влезе во клубот „100 милијарди долари“ четирипати побрзо од Apple

Биткоинот влезе во клубот „100 милијарди долари“ четирипати побрзо од Apple

Не постои формален начин за мерење на пазарните „балони“, но такви можат да бидат брзината и силата на порастот – техника позајмена од физичкиот живот.

„Dot-com“ акциите поскапеа со 680% од почетокот на 1996-та година до крајот на март 2000-та година. Цената на биткоинот порасна речиси со 825% само во последната година, до околу 5.700 долари. Следејќи го овој тренд, тоа ја порасна пазарната вредност од 90 милијарди долари, надминувајќи ја за прв пат границата од 100 милијарди долари за прв пат во петокот, пред да се повлече назад.

Но, во понеделникот, ова ограничување повторно беше постигнато, и тоа е само прашање на време, пред криптовалутата да стане постојан член на клубот „100 милијарди долари“. Сега пазарната капитализација на биткоинот е над онаа на голем број финансиски компании кои би биле конкуренти како што е „American Express Co.“ (81 милијарда долари) и „PayPal Holdings Inc.“ (84 милијарди долари), пресмета Стивен Гандл од „Bloomberg Gadgly“.

Сепак, во споредба со другите класи на активи, како недвижностите или акциите, биткоинот е „џуџе“, поради што некои луѓе тврдат дека во случајот не може да станува збор за „балон“. Само вредноста на недвижниот имот во Њујорк се проценува на повеќе од 1.000 милијарди долари.

Светот има злато за 8.000 милијарди долари, државни обврзници за речиси 15.000 милијарди долари и пазарната капитализација на целата американска берза се проценува на 25.000 милијарди долари. Значи, со „едвај“ 100 милијарди долари, биткоинот е прилично ненаметлив.

Но, ова е само една страна од равенката. Недвижностите во Њујорк се во вредност од 10 пати над вредноста на биткоинот денес, но тие не ја достигнаа границата од 100 милијарди долари, коригирана спрема инфлацијата до крајот на 70-тите години, или околу цели 310 години по преименувањето на оваа територија на името на војводата од Њујорк.

Продажбата на автомобили во САД не успеа да достигне вредност од 100 милијарди долари за 60 години. „Apple“ го стори тоа за 31 година, но и овој период е четири пати побавен од темпото на биткоинот кој влезе во клубот „100 милијарди долари“ за околу седум години. Но „Apple“, за разлика од биткоинот, таа генерира значителен профит и има 260 милијарди долари во готовина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП