25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочеток на новата сезона на Операта со„Кавалерија рустикана“

Почеток на новата сезона на Операта со„Кавалерија рустикана“

Македонската Опера во вторник, 31 октомври, ќе ја почне сезоната 2017/2018 која ќе биде во знакот на одбележувањето 70 години од нејзиното постоење.

Вечерта ќе почне со гала оперски концерт под диригентство на Бисера Чадловска, на кој ќе настапат солисти-првенци на МОБ со арии од Пучини, Маскањи, Џордано и Масне.

Во вториот дел од вечерта премиерно ќе биде изведена операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на италијанскиот режисер Џандоменико Вакари. Таа е прва опера изведена во Македонија во 1947 година. Во новата постановка диригент е Џанлука Мартиненги од Италија.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, костимите ги изработи Елена Дончева. Настапуваат: Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ. Репризата е на 3 ноември кога диригент ќе биде Иван Еминовиќ.

Режисерот Вакари на прес-конференција по повод премиерата истакна дека „Кавалерија рустикана“ е значајна зашто се смета за порта за италијанската опера во 19 век. Седумдеценискиот јубилеј од постоењето на Операта, МОБ го одбележува во текот на целата година со цел да го претстави целиот ансамбл и солистите кои се дел од оваа институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП