20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години Кина ќе го мине САД како најголем авио-пазар во...

За пет години Кина ќе го мине САД како најголем авио-пазар во светот

Кина ќе го надмине САД како најголем светски авио-пазар во следните пет години, порано од очекуваното, пренесува „CNN“.

Во сезонските прогнози Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) ги промени очекувањата и го префрли центарот на гравитација во светската авионската индустрија на Исток, далеку од САД и Европа.

Здружението очекува дека 7,8 милијарди лица ќе патуваат по воздух до 2036-та година. Тоа е речиси два пати повеќе од очекуваните 4 милијарди патници во оваа година.

„IATA“ очекува половина од новите патници што ќе летаат во следните 20 години да живеат во Азија. Иако организацијата планира значителни промени во наредните две децении, најдраматичните промени ќе се случат во текот на следните пет години.

Кина ќе ја замени САД како најголем воздухопловен пазар во светот до 2022-ра година – две години порано од првичните очекувања, прогнозира „IATA“. Авијацискиот пазар се дефинира како сообраќај кон, од и во рамките на една земја.

Кинеските авиокомпании брзо ги зголемуваат своите меѓународни дестинации во последниве години. „Air China“ и „Hainan Airlines“ објавија оваа недела нови правци кон САД, вклучувајќи Шенжен-Лос Анџелес и Чунцинг и Чанду – Њујорк.

Брзоразвивачките пазари во Азија ќе доминираат во текот на следните 20 години, според предвидувањата на „IATA“. Велика Британија, која денес е трет по големина пазар, ќе остане петта, паѓа зад Индија во 2025-та година и Индонезија во 2030-та година.

Влијанието на Европа ќе продолжи да слабее, додека Тајланд и Турција ќе бидат во првите десет од најголемите пазари во следните 20 години. Во исто време Франција и Италија ќе излезат од десетте најголеми и ќе ги заземат соодветно 11-то и 12-то место, прогнозира „IATA“.

Индија и Индонезија беа меѓу водечките купувачи на новите авиони на „Airbus“, „Boeing“ и други компании.

„Airbus“ и „Boeing“ ќе го забрзаат производството на нивните најпопуларни авиони за да ги задоволат потребите и да ги заменат старите, помалку ефикасни авиони.

Во средата „Boeing“ соопшти дека е изложена на зголемен притисок да го зголеми производството на авионите „737“, во голема мера благодарение на побарувачката од земји како Индија и Кина.

„Boeing“ очекува дека Кина ќе има потреба од над 7.200 нови авиони во вредност од над 1000 милијарди долари. И двете компании имаат утврдено индустриско присуство во Кина, за да им се додворуваат на купувачите, кои имаат потреба од благослов на централната влада.

„Airbus“ ги составува своите авиони „А320“ во Тијанџин, а „Boeing“ отвори нова фабрика во близина на Шангај, каде што ќе се инсталира ентериерот на авионите „737“ пред доставата на кинеските превозници.

Додека „Airbus“ и „Boeing“ се фокусирани на Кина, оваа година земјата започна да ги тестира своите авиони „C919“ на компанијата „Commercial Airplane Corporation of China“, или „Comac“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП