19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Животот во Северна Кореја

График на денот: Животот во Северна Кореја

Додека Северна Кореја и САД продолжуваат да си разменуваат закани, не е многу јасно како војната на зборови ја согледуваат луѓето во Северна Кореја, а главната причина за тоа е дека режимот на Ким Џонг-Ун го држи населението во „кафез“, внимателно контролиран пристап до надворешниот свет, јави „ВВС“.

Земјата често е опишана како изолирана и заначително изоствена зад постигнувањата на 21-виот век. Статистиката генерално недостасува и често се базира на проценки, но што можат да ни кажат за животот таму?

Економија

Северна Кореја се потпира на извозот на јаглен за да ја одржи својата економија. Сепак, тешко е да се пресмета неговата вистинска вредност, бидејќи податоците доаѓаат само од земјите што го добиваат јагленот.

Голем дел од суровините се извезуваат во Кина, која забрани увоз во февруари 2017-та година. Но, некои аналитичари ја доведуваат во прашање природата на санкциите.

„Постојат луѓе кои ги следат бродовите и ги виделе севернокорејските бродови со јаглен на терминали во кинеските пристаништа, дури и по забраната. Верувам дека Кина навистина го стопираше увозот на јаглен, но не целосно“, вели Кент Бојстон, аналитичар во „Peterson Institute for International Economics“.

До 1973-та година, финансиската состојба на Северна и Јужна Кореја е во голема мерка иста.

Оттогаш наваму, сепак Јужна Кореја се зачекори напред, претворајќи се во една од водечките светски индустриски производители, а компании како „Samsung“ и „Hyundai“ станаа глобални лидери во секторите.

Севернокорејското движење запре во 1980-тите, кога земјата цврсто одлучи да го следи својот државен систем.

Армија

Иако Северна Кореја е рангирана на 52-ро место во светот според населението, се верува дека е четврта по големина на армијата.

Проценките покажуваат дека воените трошоци учествуваат со 25% од БДП-то, а речиси секој човек во Северна Кореја поминува низ некоја форма на воена обука.

Технологии

Технолошки, работите не изгледаат премногу „розеви“. Три милиони мобилни телефони можат да звучат многу, но во земја со 25 милиони луѓе, тоа значи дека еден од десет луѓе имаат мобилен телефон. Повеќето корисници најверојатно се концентрирани во главниот град Пјонгјанг.

Во исто време, иако населението во Јужна Кореја е 51 милион, претплатата за мобилни услуги е многу повеќе.

Во земјтата постои една мрежа – „Koryolink“, која е причината зошто мобилниот пазар е многу ограничен, иако расте. Првично создадена во партнерство со египетскиот телеком „Orascom“, тоа беше единствената можност во продолжение на многу години.

Во 2015-та година, сепак „Orascom“ откри дека Северна Кореја создава конкурентна мрежа – „Byol“, и беше принудена да признае пред инвеститорите дека ефикасно ја изгубила контрола над 3-те милиони корисници.

Повеќето Севернокорејци имаат пристап до „приватниот интернет“ на земјата – ефективно затворен интранет кој работи низ целата територија.

Инфраструктура

Фотографиите од главниот град на Пјонгјанг честопати покажуваат широки улици со мал сообраќај, но ситуацијата надвор од градот е сосема поинаква.

Во Северна Кореја има 25.554 километри патишта, покажуваат податоците од 2006-та година, но само 3% всушност се покриени со асфалт, што е еквивалентно на 724 километри.

Оценките покажуваат исто така дека само 11 на секои 1000 Севернокорејци имаат автомобил, што значи долги редици на автобуските постојки за повеќето луѓе кои треба да патуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП